Инфо  

Галерии

Од работата на работната група формирана од Владата

16.9.2023

Со решение на Владата формирана е  Работна група за разгледување на предлози за прашањето за најниската  пензија и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите. Во групата учествуваат  и двајца претставници од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.
За работа на групата поделени се повеќе барања односно материјали доставени од Сојузот  кои се однесуваат  за подобрување на материјалниот статус на пензионерите, и тоа:

1)  На 11.1.2023 -Нови предлози за унапредување на формулата за усогласување на пензии
2)  7.11.2022 -  Известување и мислење за усогласување на пензија во годината кога се остварува право на пензија
3) 14.6. 2023 - Заклучоци од состанокот на кој присуствуваше раководството на СЗПМ, претставници на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот на ПИОСМ, членови на Одборот на регистрираната организација за посмртна помош и членарина и други.
3) 18.7.2022 - Повеќе барања меѓу кои: донесување на анти кризни мерки, проширување на листа на лекови, ослободување од партиципација за болничко лекување, активирање на климатско бањско лекување и рекреација, обезбедување теренски лекар и аптека, доплата за приватно лекување, предност на пензионерите за „Мој термин“, боледување за родител и друго.
4) 17.8.2023  - Предлози за најнизок износ на пензија
5) 12.9.2023  -  Дополнителни аргументи во врска со најнискиот износ на пензија
6) 15.1.2021 - Иницијатива за измена и дополнување на член 13 од Законот за здравствено осигурување за боледување за родител

Од погоре изложените материјали евидентна е заложбата на Сојузот во исполнување на целите утврдени во Статутот на Сојузот (член 11) со претставување пред државните органи во заштита на правата од пензиското и инвалидското осигурување, остарување на целосна и поквалитетна здравствена заштита, збогатување и унапредување на културните, спортските  и социјално-хуманитарните потреби на корисниците на пензија.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3