|
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИOНЕРИ 7.9.2025 Како што е познато, до сите Здруженија на пензионери доставено е МИСЛЕЊЕ - ИЗВЕСТУВАЊЕ од Извршниот одбор на Сојузот на седница одржана на 8.8.2025 година, а во врска со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (Сл. Весник на РСМ број 154 /2025 г.) објавен на 29 јули 2025 година |
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СКОПЈЕ-доби негативна оцена од пензионерите! 3.9.2025 На 1. и 2. септември 2025 година голем број пензионери чекаа во ред пред банките и експозитурите да ја подигнат својата пензија за август месец 2025 година. Како што е познато ова се луѓе со над 65 години кои своите финансиски потреби најчесто ги реализираат на шалтерите на банките, а не со траен налог, со платежна картичка или преку телефон или компјутер. |
Мислење - Известување до здруженијата на пензионери 9.8.2025 Заради интересот на пензионерите во врска со усогласувањето на пензиите,
Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија
на седница одржана на 8.8.2025 година, по претходно одржана седница
на Правно-Економскит форум ги информира пензионерите |
Известувања од извршниот одбор на СЗПМ 30.7.2025 Со одредбите на членот 13 од Законот за здруженија и фондации е утврдено дека здруженијата на пензионери не можат да вршат активности на политичка партија, односно не можат да обезбедуваат директно или индиректно финансирање на конкретна политичка партија, и да влијаат на изборите |
Одлука на Уставен суд 18.6.2025 По иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Статутот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, донесен на 21.12.2015 година, Уставниот суд донесе решение со кое иницијативата се одбива. Текстот се објавува поради транспарентност и целосно информирање на членството. |
Мислење од независен ревизор за работата на СЗПМ во 2024 година 5.6.2025 Според наше мислење, финансиските извештаи ја прикажуваат реално и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската позиција на СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА на 31 декември, 2024 година, како и финансискиот резултат за годината што тогаш завршува, во согласност со македонската сметководствената регулатива што се применува, Законот за сметководство на непрофитните организации и Правилникот за непрофитни организации. |
Финансиски извештај за 2024 5.6.2025 Заради транспарентност и јавност во работата го објавуваме повторно финансискиот извештај на СЗПМ за 2024 година |
Меѓународната соработка на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија во подем 1.6.2025 На 18 мај 2025 година во убавиот Охрид, согласно со Меморандумот за соработка потпишан минатат година во Белград, помеѓу Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) и Сојузот на пензионерите на Србија (САПЕНС), се одржа заедничка работна седница на нивните извршни одбори. Според договорот, заедничката седница имаше два дела. |
Еколошки активности на пензионерите 23.5.2025 СЗПМ годината 2025 ја прогласи за година на еколошки пензионерски активности грижа за животната средина. Поголем број здруженија на пензионери членки на Сојузот се вклучија и во најголемиот еко-проект во нашата земја „Генералка викенд 2025“ организиран од Men end Maunten DOO. |
Грижа за животната околина 23.3.2025 На 20-тата седница на Извршниот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија одржана на 13 декември 2024 година, 2025 година се прогласи за ГОДИНА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, со еколошки активности на пензионерите |
Распоред за регионални спортски натпревари за 2025 год. 11.3.2025 Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, на седницата одржана на 31.01.2025 година, донесе заклучок за овластување на претседателката на Сојузот и претседателот на Комисијата за спорт за определување на домаќини и термини за одржување на регионалните спортски натпревари за 2025 година. |
|
|