За нас   

Галерии

Активности на СЗПМ
Меѓународна соработка
Награди и признанија
Јубилеи

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е невладина неполитичка мултиетничка асоцијација во која членуваат 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во Република Македонија, за поцелосно и единствено залагање за остварување на  правата од пензиско и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите. За остварување на овие заеднички права на здруженијата-членки на Сојузот, СЗПМ соработува со општините и локалната самоуправа, со градоначалниците, со други здруженија и нивни сојузи, со невладини организации и фондации и со пензионерски асоцијации од други земји.

http://www.szpm.org.mk/images/penzioneri.jpg

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е формиран во 1947 година, а својство на правно лице има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација, а по донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации во 1998 година е пререгистрирано во Основниот суд во Скопје.

Сите здруженија се самостојни правни субјекти со свои статути и органи и тела.

Свој статут и свои органи и тела има и СЗПМ. Речиси во сите здруженија низ Република Македонија постојат Клубови на пензионери оформени од самите здруженија, но многу често и со поддршка на локалната самоуправа и општините. Нивниот број е околу 450 клуба од кои околу 50 се на подрачјето на Скопје. Клубови има во градовите, но и во руралните средини. Во нив неделно поминуваат околу 150 000 пензионери.

Секоја година во организација на Сојузот се одржуваат 8 фолклорни ревии во 8 региони во земјата, каде домаќини се 8 различни градови. На крајот се одржува фолклорна ревија на ниво на државата на која учествуваат пензионери од најдобрите здруженија.

Исто така, се одржуваат  и 8 регионални спортски натпревари кои опфаќаат околу 25 000 пензионери. На крајот во септември, на Денот на пензионерите на Македонија, 20 септември, се одржува Спортска пензионерска олимпијада.

Покрај тоа, се одржуваат и голем број средби и собири во разни излетнички места на кои присуствуваат и до 8000 пензионери.

Здруженијата особено се грижат за своите членови, особено за оние со ниски пензии, со хуманитарни  и волонтерски активности.

СЗПМ делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива, оставајќи траги и во самиот развој на државата.

Весникот „Пензионер плус“ е официјално гласило на Сојузот на здруженија на пензионерите  на Македонија, и се дистрибуира до здруженијата на пензионери во сите градови на Македонија. Весникот има информативен, едукативен и забавен карактер. Во него се поместени информации  од животот на пензионерите, информации и написи за нивните проблеми и постигања, написи од нивниот културно-забавен и спортски живот, информации за активностите на здруженијата, информации од ФПИОМ и ФЗОМ, написи за соработката на здруженијата со локалната управа, написи за здравје и исхрана, занимливости и друго.  Весникот се печати на 16 страници, колор, а излегува во 6 000 примероци со тенденција овој број да се зголеми заради големиот интерес од страна на пензионерите. Весникот е наменет за пензионерите и оние кои тоа ќе станат наскоро, како и за нивните семејства и е бесплатен. Една страница во весникот е на албански јазик. Весникот се поместува и на ВЕБ страницата на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија www.szpm.org.mk.

На чело на Сојузот, по 73 години е претседател жена, Станка Трајкова.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3