Инфо  

Галерии

Пример за културна соработка меѓу Македонија и Словенија:

Изложбата “Црно бело во боја” е празник за очите за сите љубители на уметноста

13.5.2022

Во галеријата на Школскиот центар, Крањ, Република Словенија беше поставена изложба на уметничка фотографија на тема “Црно бело во боја“, од познатиот македонски фотограф проф. Д-р.Цветан Гавровски. На културен план тоа е пример за добра меѓудржавна културна соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија. На уметнички план, од аспект што се може да ни долови црно-белата фотографија, изложбата е празник за очите. Преку фотографиите во црно бела техника, мајсторот на фотографија Цветан Гавровски ни ја покажува сета убавина и богатството на животот, природата и урбаните средини. Тоа се овековечени прекрасни моменти – од умешноста на фотографот и можностите на camera obscura на фотографот. Вљубеник во црно-белата фотографија, изложените фотографии ги доживува како “40 нијанси во боја“, што е многу повеќе феномен, отколку парадокс. Изложбата вредеше да реди да се погледне и да се ужива во микс од мајсторство и убавина.

Цветан Гавровски е доктор на технички науки од областа на електрониката. Во професионалната кариера беше редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Р. Македонија. Арт фотографијата е негова преокупација над четириесет години. Учествувал на преку двеста групни изложби во земјата и странство. Автор е на петнаесет самостојни изложби (Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Србија, Словенија). Негови осврти и критики за фотографијата се публикувани во списанија и во дневниот печат.

Добитник е на бројни значајни награди за фотографија на домашни и меѓународни изложби: (The International Federation of Photography – златен и бронзен медал; Photographic Society of America – златен медал; United Photographers International – бронзен медал; The Royal Photographic Society – златен медал; Global Photographic Union – златен медал.

Чест член е на жирија на меѓународни изложби под патронат на меѓународните федерации на арт фотографија.Учесник на повеќе меѓународни уметнички колонии. Почесен член на Бугарската Фотографска Академија.
Претставник на Image Colleague Society International – USA за Македонија. Член е на академскиот фото клуб ЕЛЕМА од Скопје. Беше претседател на клубот и даде значаен придонес во афирмација на истиот. Два пати беше претседател е на Фото Сојузот на Македонија.  

Во 1995 година, на 23-от конгрес на FIAP во Андора, го претставува ФСМ и придонесува тој да стане национален репрезент на македонската фотографија во светската федерација. Ја претставува македонската фотографија со фотографии во колекциите на светските изложби во: Кина, Швајцарија, Италија, Унгарија, Луксембург, Словачка, Ирска, Шпанија, Индонезија, Кореа, Шпанија. Носител е на звањaтa Мајстор на Фотографија на Фото Сојузот на Македонија и на звањето EFIAP – Excellence FIAP на Светската Фотографска Федерација.

Сотир Костов
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3