Инфо  

Галерии

ОБНОВЕНИ ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ

На Клубот на љубители на книгата при ЗП „Солидарност-Аеродром“, Скопје.

5.5.2022

По скоро двегодишна пауза поради пандемијата Ковид-19, Клубот на љубители на книгата при ЗП „Солидарност-Аеродром“, Скопје, на 29. 04. 2022. година реализираше промоцијата на книгата „Раскази и раскажувања“, од познатиот новинар, публицист и општественик Драги Аргировски.

Во добро организирана атмосфера во пензионерскиот клуб „Аеродром“, традиционално место на одржување на средбите,  пред повеќе љубители на пишаниот збор, успешно беше претставено најновото дело на Драги Аргировски.    

Модератор беше  Благојка Филипчева, Промотори: Проф. д-р Виолета Ачковска и Проф. д-р Васил Тоциновски, а делови од книгата читаа: Лидија Лучко Јеремиќ и Лилјана Стоилковска. Беше прочитан и текст за најновото дело на Аргировски од д-р Илија Глигоров.

Промоцијата да добие свечен карактер се погрижија и малата Мила Манчев, која со  на синтисајзер исполни позната композија, и Лилјана Стоилковска, со исполнување на позната македонска песна.

По издавањето на над 20 публикации, активниот пензионер, бивш новинар, општественик и  екс-претседател на СЗПМ, Драги Аргировски за прв пат се јавува со поинаков жанр - напиша прозно дело, со повеќе раскази. Неговите раскази, се лесно читливи, со интересни теми и со убаво водена фабула.

Десетте раскази сместени во книгата, се инспирирани од реалниот живот, случени во минатото, од кои читателот може да дознае за живот, на тогашните млади, нивните активности,  успеси... Теми во расказите има и со поинакви случувања - од животот на обичниот граѓанин, и граѓани во третото доба. Во најновата книга, Аргировски има сместено и репортажи и случувања, за време на неговата неуморна работа во последните шест децении.

Во четвртиот дел, сместени се дел од авторовите колумни објавувани во „Нова Македонија“,  во кои се изнесени негови видувања и анализи, како и негови сеќавања за раѓањето и развојот на  Македонската телевизија.

Јован Мазгански,
Претседател на Клубот, Љубители на Книгата
при  ЗП „Солидарност-Аеродром“, Скопје

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3