Инфо  

Галерии

Републичка Пензионерска Спортска Олимпијада „Радовиш 2019“

22.9.2019

Денот на пензионерите на Македонија секоја година се одбележува со Републичка пензионерска спортска олимпијада на која учествуваат пензионери спортисти од речиси сите здруженија на пензионери членки на Сојузот. На оваа една од најмасовните манифестации и претходат 8 регионални спортски пензионерски  натпревари на кои оваа година домаќини беа: Здружение на воени пензионери, ЗП Злетово, ЗП Крушево, ЗП Гевгелија, ЗП Радовиш и Конче, ЗП Гостивар, ЗП Берово и ЗП Струга. Републичка пензионерска спортска олимпијада се одржа на 22 септември 2019 година во Радовиш, под покровителство на Владата и Министерството на труд и социјална политика на Република Северна Македонија, а во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
На  пензионерите со одбрани зборови прва им се обрати претседателката на СЗПМ Станка Трајкова.
Чест и почит со своето присуство на пензионерите им направи со своето поздравно обраќање заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.
Обраќања имаа и градоначалниците на Радовиш Герасим Конзулов и на Конче Благој Илиев, а Републичка пензионерска спортска олимпијада „Радовиш 2019“ откако ги поздрави присутните, ги прогласи за отворени Митко Стефанов претседател на ЗП Радовиш и Конче. На спортските натпревари најдобри беа тетовските пензионери кои го освоија преодниот пехар.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3