Инфо  

Галерии

ЗП Струга

Размена на книги помеѓу пензионери и книжевни муабети

9.5.2019

Убав несекојдневен настан се случи на 6 април 2019 година. Се одржа пензионерскиот книжевен настан во периодот од 18 до 20 часот во „Метрополис“ барот во Струга. Организатор беше фејсбук групата „Размена на книга и книжевни муабети“, кој долго време активно се залага да ја подигне читачката култура на повисоко ниво, при тоа промовирајќи и организирајќи разни книжевни настани. Организаторите нагласуваат дека луѓето од третата доба се најмасовни и најредовни и тие токму на овој начин сакаат да ја поттикнат љубовта кон книгата, со размена на наслови што би сакале  да ги прочитаат без притоа да очекуваат нешто за возврат. Сите не секогаш сме во можност да ја купиме нашата омилена книга, велат присутните пензионери, но колегите во секој момент излегуваат во пресрет, со подарок книга или трајни размени меѓу себе.
-За да ја олесниме размената  помеѓу читателите и полесно да ја поттикнеме нашата цел, организираме настани „Размена на книга и книжевни муабети“ низ целата држава. Но во склоп на групата имаме „Клуб на пензионери читатели“ и „Поетско читање“.
Со задоволство би сакале да се пофалиме дека во изминатиов период  од една година имаме одржано 50 настани, а се надеваме дека таа бројка постепено ќе расте и со помлади читатели. На наше изненадување бројот на заинтересирани, повозрасни и млади читатели се зголемува со секој настан, а Книжевните муабети не застануваат. Позитивно е и тоа што ни се вклучуваат и помалите градови како што е Струга кои стануваат се поактивни, - потенцираат организаторите.

С. Кукунешоски

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3