Инфо  

Галерии

Усогласување на пензиите од 1 јануари 2019 година

2.4.2019

Согласно со законските прописи од областа на пензиското и инвалидското осигурување, а со цел зачувување на материјалната и социјалната сигурност на корисниците на пензија се врши редовно усогласување на пензиите.
Во пензискиот систем е познато дека во одделни периоди пензиите се усогласувале исклучително   со порастот на трошоците на животот, со порастот на платите или комбинирано.
Со последната измена на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (Службен весник на РМ број 245) од 28.12.2018 година е уредено:
„Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според порастот на индексот на трошоците за живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое претходи објавен од Државниот завод за статистика.
Во случај кога порастот на трошоците на животот се со негативен предзнак не се врши усогласување на пензиите.
Доколку бруто домашниот производ во претходното полугодие има реален пораст над 4%, покрај усогласувањето со порастот на трошоците на животот, пензијата се усогласува од 1 април во тековната година во процент кој претставува разлика помеѓу реалната стапка  на порастот на бруто домашниот производ  во претходната година и стапката од 4%.“
Согласно со ова законско решение и објавените статистички податоци од Државниот завод за статистика за порастот на трошоците на животот во претходното полугодие (јули - декември 2018 година) во однос на полугодието кое претходи (јануари - јуни 2018 година), пензиите  од 1 јануари 2019 година, се усогласаат за 0,7%.
Ова усогласување на пензиите, корисниците на пензија  го добија со исплата на мартовската  пензија во април заедно со разликите за јануари и февруари.
Прикажано на пример за корисник на пензија кој има во висина на просечна пензија од 14.403 денари, овој корисник ќе добие зголемување од 101 денари, а  пензијата ќе му изнесува 14.504 денари и разлика од 202 денари за јануари и февруари или вкупно 14.706 денари.
За април и наредните месеци се до наредното усогласување на пензиите, на овој корисник на пензија ќе му се исплатува  пензија од 14.504 денари, само за редовното усогласување на пензиите, без исплата на разлики.
Со ова усогласување соодносот на  просечната пензија во однос на просечната плата во Републиката за јануари 2019 година во износ од 24.507 денари изнесува 59%.
Финансискиот ефект од ова усогласување за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  ќе значи зголемени расходи за исплата на пензиите за околу 32 милиони денари месечно. 

Менка Темелковка

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3