Инфо  

Галерии

Активности на СЗПМ
Меѓународна соработка
Награди и признанија
Јубилеи
ЗП Виница

Пензионерско дружење со два повода

17.9.2018

На 13-ти  септември 2018 година се одржа пензионерска средба на локалитетот „Свети Спас“ во село Драгобраште, крај Виница. Средбата се одржа по повод Денот на осветувањето на црквата „Свети Спас“ и 20 септември - Денот на пензионерите на Македонија. На средбата присуствуваа 13 здруженија на пензионери, со околу 1500 пензионери.
Домаќин на средбата беше ЗП Виница, здружение кое е познато по своите многубројни традиционални активности, но и по организирање на средби за чествување на значајни празници, настани и средби на зелено во соработка со општината Виница. Оваа средба е подржана и од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, бидејќи на овие средби пензионерите  излегуваат од своите домови и поминуваат пријатни мигови во природа. Исто така, овие пензионерски средби се и во насока на активно стареење и корисно исполнување на пензионерското слободното време. Со организирање на вакви активности здруженијата покажуваат дека се корисни општествени чинители на подрачјето каде што дејствуваат.
На пензионерско дружење прв пензионерите ги поздрави претседателот  на ЗП Виница Драган Петков. Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина Виница Ивица Димитров, кој им ги честита двата празника и вети дека и во иднина ќе ги подржува активностите на ЗП Виница, но и пошироко. Во името на СЗПМ на присутните им се обрати секретарот на ИО на Сојузот, Станка Трајкова, која ги поздрави пензионерите и  притоа нагласи дека пензионерите заслужуваат да им се организира оваа средба  на тлото на безвременската Виница, каде се вкрстувале повеќе цивилизации оставајќи артефакти кои го заобиколуваат  целиот свет.
Значењето на средбата беше зголемено и со присуството на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Целта на средбата беше постигната бидејќи имаше голем број на  присутни пензионери кои се рекреираа на септемвриско сонце со желба повторно да се дружат.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3