Инфо  

Галерии

Делегација на СЗПМ во посета на ЗП Куманово

Корисна размена на мислења

9.8.2018

Потпретседателот на Извршниот одбор на СЗПМ, Салтир Каровски и секретарот на Извршниот одбор Станка Трајкова,  на 8 август 2018 год. го посетија ЗП Куманово во новите простории. Посетата беше искористена за размена на мислења, погледи и видувања за поголем број прашања од суштествено значење за досегашната и идната работа на пензионерската популација во Македонија.
Од страна на претседателот, Спирко Николовски, посебно беше укажано на инклузивната соработка со органите и раководството на Сојузот.
-Голем е бројот на поднесени предлози, сугестии и идеи што ги презентира нашето здружение преку своите претставници, во функција на унапредувањето на работата на Сојузот, а преку него и на целокупната пензионерска организираност во Македонија.                Оваа практика посебно се однесува на подобрување на здравствена заштита, донесувањето на новиот Закон за пензионерско организирање во Македонија, солидарниот фонд, реализирањето на ревиите на песни, музика и игра, спортските натпревари, соработката со локалната самоуправа и сл. – истакна меѓу другото Спировски.
Потпретседателот, Салтир Каровски и секретарот Станка Трајкова, на ИО на СЗПМ, на средбата високо го оценија ваквиот начин на комуникација. За Кумановското здружение  сметаат дека е едно од најдобро организираните и најуспешните здруженија во Македонија. Поради  контактите што ги практикува во поглед на соработката истакнаа дека ЗП Куманово е вистински лидер на меѓународна соработка во поширокиот регион на нашето опкружување.

Спирко Николовски

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3