Инфо  

Галерии

ЗП Виница

Пензионерите славеа Томина недела во Виница

28.4.2018

Околу 400 пензионери од здруженија на повеќе градови во Македонија, на 15 април 2018 година во хотелот „Центробизнис“ учествуваа на седумнаесеттата републичка манифестација „Томина недела“, настан на кој домаќин беше општинската организација на пензионери во Виница. Со ентузијазам и енергија кои им пркосат на годините, пензионерите имаа несекојдневно дружење и забава.
Поздравувајќи ја оваа традиционална пензионерска манифестација, градоначалникот Ивица Димитров, ги повика највозрасните жители од општината, прензионерите на заедничка соработка во реализација на нивните потреби и барања.

-Општина Виница има околу 2500 пензионери, и таа бројка не е за потценување. Напротив, јас како нов градоначалник очекувам многу повеќе од вас како здружение, како организација, како поединци. Секоја ваша идеја во интерес на пошироката заедница ќе биде поддржана од нас како локална власт. Во Програмата за работа на општината, имаме зацртано и поставено неколку проекти кои би го подобриле пензионерскот секојдневно живеење, а за реализација на истите ни е неопходна вашата подршка и разбирање“, - рече меѓудругото градоначалникот Димитров.

Свое обраќање имаа и претседателот на општинската организација Драган Петков, како и секретарот од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

Настанот e so рекреативен и натпреварувачки карактер. Беше избрано најдекоративно велигденско јајце. Првото место го освои ....  од ЗП ...., второто ... од ЗП .. и третото .... од ЗП....

К Герасимов

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3