Инфо  

Галерии

Активности на СЗПМ

Работилница за сметководители на здруженија на пензионери членки на СЗПМ

10.2.2018

Традиционално по осми пат на 29.01.2018 во ресторанот „Брод Панини“ на Велешко Езеро беше одржана работилница за составување на финансиски извештаи и изготвување на годишните сметки за деловната 2017 година кај здруженијата на пензионери и СЗПМ на која присуствуваа сметководители, претседатели на здруженија и претседатели и членови на надзорни одбори, односно над 90 учесници од 32 здруженија од цела Македонија.              
Работилницата ја отвори потпретседателот на СЗПМ Салтир Каровски при што ги поздрви присутните и им се заблагодари за присутноста на работилницата во така голем број. Тој истакна работилницата е за едукација на сметководителите, но  и на раководниот кадар на здруженијата и Сојузот, за важноста од правилно, законско и домаќинско финансиско работење во изминатиот период, но и во иднина.
Ваквите работилници со едукацијата допринесуваат за добра подготвеност на сметководителите и надзорните одбори за законско финансиско и материјално работење во рамките на здруженијата и Сојузот. Потребата е констатирана од страна на надзорните органи и од некои инспекциски контроли кај здруженијата.
За материјалот и прирачникот дискутираше и рецензент Митре Стојановски – претседател на надзорниот одбор при СЗПМ, кој истакна дека  материјалоот е сеопфатен и стручно изработен во согласност со Законот и Правилникот за сметководство кај непрофитните организации, а во истиот се назначени најнеопходните примери во обработката на материјално – финансиското работење за потребите на здруженијата на пензионерите и Сојузот. Прирачникот ќе им помогне на сметководителите во изготвување на пописите, финансиските извештаи и годишната сметка за 2017 година на здруженијата и Сојузот.
Авторот на прирачникот, Ромео Костадинов ги истакна сите важни прашања поврзани изготвувањето на финансиските извештаи и годишната сметка за 2017 година и поврзаноста со проблемите од непридржување кон прописите кои произлегуваат од Законот и Правилникот за сметководство на непрофитните организации. Исто така тој се осврна и на измените на Законот за персонален данок на доход кои измени се со важност од 01.01.2018 година , а кои измени се од особено значење за здруженијата и Сојузот во обавување на своите планирани активности. 
Потоа се разви богата и плодна дискусија со поставување на прашања од присутните учесници на работилницата поврзани со материјално – финансиското работење во здруженијата на кои прашања исцрпно одговараа и авторот и рецензентот на прирачникот.

Петар Андреевски

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3