Инфо  

Галерии

6. седница на Собранието на СЗПМ

Донесена Програмата на Соjузот за 2018 година

10.1.2018

На 22.12. 2016 година се одржа шестата седница на Собранието на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Со седницата успешно раководеше претседателот на Собранието Бесник Поцеста.
Како и во изминатите години, и оваа седница на Собранието се одржа со цел да се донесе заеднички договор за нови активности во претстојната 2018 година.
Прв на присутните им се обрати Драги Аргировски, претседател на СЗПМ, потенцирајќи ги  најголемите активности и постигнатите резултати во 2017 со надеж дека Сојузот така ќе продолжи да работи и во 2018 година.
По предложената Програма за 2018 година воведно излагање имаше Станка Трајкова секретар на СЗПМ која меѓу другото рече:
-Со Програмата се продолжуваат одредени активности како континуитет, но има и нови проекти. Фокус ќе биде даден на донесување на Закон за пензионерско организирање во Македонија. Програмата има отворен карактер и во текот на годината ќе се надополнува со одредени актуелни активности.
Со мали забелешки истата беше едногласно усвоена.
Финансиски извештај за работата на СЗПМ со преглед на приходите и расходите во  период од 01.01 до 31.9.2017 година, со мислење на Надзорниот одбор, поднесе претседателот на Надзорниот Одбор, Митре Стојановски, кој потенцираше дека  на седницата на НО било констатирано дека СЗПМ  во назначениот период работел домаќински и според планот, со извесни мали отстапувања заради зголемените активности и поскапувања на одредени услуги. Потоа Извештајот  беше прифатен од членовите на Собранието, а беше донесена и одлука за ребаланс на Буџетот за 2017 година.

Предлог-финансискиот план на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија за 2018 година, од присутните беше оценет како  реален и сеопфатен, а предвидените активности во програмата за наредната година дека се финансиски покриени. Трите документи беа поединечно и едногласно прифатени.
На крајот на седницата претседателот на Собранието Бесник Поцеста од свое име и од името на Сојузот им ја честиташе Новата 2018 година, и им посака на сите добро здравје и активно стареење.

Калина С. Андонова
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3