Инфо  

Галерии

Претседателот на РМ, д-р Ѓорге Иванов прими делегација од СЗПМ

22.6.2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на 21 јуни 2017 година прими претставници од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, во состав Драги Аргировски, претседател на СЗПМ, Бесник Поцеста, претседател на Собрание, Салтир Каровски, потпретседател на ИО на СЗПМ и Станка Трајкова секретар на ИО на СЗПМ,   кои го информираа претседателот Иванов за предизвиците со коишто се соочуваат, како и за постигнатите резултати во однос на подобрување на животниот стандард на пензионерите во Република Македонија.

Македонскиот претседател изрази поддршка за активностите на пензионерите како во рамките на домот и семејството, така и во пошироката заедница, и нагласи дека преку нивното учество во голем број иницијативи, со своето знаење, искуство и интелектуален капацитет, даваат значаен придонес во општествените текови.

На средбата, претседателот на Сојузот, Драги Аргировски, му додели плакета на претседателот Иванов, во знак на благодарност за поддршката во активностите и афирмирањето на статусот на пензионерите во Република Македонија, како и Moнографија „Пензионерски активности за почит“ подготвена по повод 70 години од пензионерското организирање во Македонија.

К.С.А

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3