Инфо  

Галерии

Интервју со претседателот на ЗП Прилеп - Кирил Ѓрѓиоски

Ќе се трудиме да бидеме најдобри во СЗПМ

20.2.2017
  • Почитуван претседателе Ѓрѓиоски, на последната седница, во сега веќе изминатата година, собранието на ЗП Прилеп усвои донесе Програмите за работа на Комисиите за оваа година. На што ќе се фокусирате здружението во оваа 2017 година?

-Собранието на ЗП Прилеп на својата редовна седница одржана на ден 24.12.2016 година ги усвои програмите за работа на Комисиите и Активот на пензионерки при ЗП Прилеп  за 2017 година, откако истите беа разгледани на ниво на разграноци и на седница на Извршниот одбор беа дополнети и надградени.
Како Здружение  според она што го прифативме сме обврзани да ги покриеме финансиски сите програмирани активности. Заради тоа донесовме и соодветен финансиски план и се разбира обезбедивме средства.
Така на пример за годинава испланиравме за спортските активности да одвоиме 370 илјади денари, со кои средства сметаме дека спортистите-пензионери ќе можат да постигнат подобри резултати отколку во минатата и другите  претходни години. Наша девиза е  дека животниот век на човекот-пензионер и спортист неколку години наназад гледано, е продолжен бидејќи низ спортот и дружењето  со колегите спортисти и пензионери доживуваат  подлабока старост. Редовната физичка активност покрај другото е една од факторите која придонесува во голема мерка за зачувување на здравјето и успорување на стареењето. Токму затоа и Комисијата за спорт покрај редовните тренинзи со спортистите-членови на спортските екипи при ЗП Прилеп и покрај учеството  на регионалните  спортски пензионерски игри, планира и одржување на едно пријателско спортско дружење со пензионерите спортисти од друго здружение . Како Извршен одбор, а тоа помина и по разграноците планирани се и награди за најдобрите спортисти кои ќе освојат први, втори и трети места на Републичките пензионерски спортски игри.         
Транзицијата  во нашето општество не го одмина  ни здравството, па така  промените во здравствениот систем се одразија на здравствената состојба  на пензионерите. Со цел и ние како Здружение  да  придонесеме за ублажување на состојбата во која е присутна и кај нашите членови планиравме како ЗП  преку 1 милион денари средства кои ќе им ги доделиме на членовите во текот на 2017 година како еднократна помош зависно од висината на пензиските примања и здравствената состојба и тоа од три до пет илјади денари по член.  Годинава очекуваме да има повеќе барања, околу 200, а вакви средства ќе им бидат доделени и на пензионери од општините Кривогаштани и Долнени бидејќи и таму имаме разграноци. Сметано од 2004 до минатата година еднократна парична помош добиле над 1.600 пензионери. Исто така, ние како Здружение успеваме и парично да учествуваме во трошоците на пензионери кои одат и на бањско лекување .За оваа намена годинава  издвоивме 250 илјади денари. Така за хуманитарна помош за годинава ќе одвоиме дополнителни 150 илјади денари за да можат 150 наши членови-пензионери да подигнат хуманирани-социјални пакети  во висина од по илјада денари. Доделувањето на овие средства го вршат претседателите на разграноците,зашто тие најдобро ја познаваат состојбата на теренот. Збирно кажано за  подобрување на здравствената состојба и намалување на здравствените проблеми на нашите членови имаме планирано и одобрено 1.500  000 денари.        
Основната цел на Комисијата за одмор и рекреација е, пензионерите да ги надградуваат своите погледи и знаеја, да ги задоволуваат своите потреби за рекреација и одмор да ги запознаат убавините на нашата земја, Р. Македонија, да се дружат, да стекнуваат познанства, да ги развиваат пријателствата и другарството затоа што на секој пензионер му е потребна  умствена и физичка  активност за полесно да го  минуваат пензионерскиот живот. Програмирано ни е за годинава да организираме 9 екскурзии во Македонија кои ќе се изведат со по три автобуси, или за секоја по 16о пензионери за што нашите членови плаќаат само по 100 денари, а другиот износ на средства го партиципира Здружението . Исто така планираме да организираме и една екскурзија во траење од десетина дена во соседна Грција што всушност ќе биде  и еден вид „пензионерски одмор“. За сите програмирани активности од областа на одморот и рекреацијата планирани ни се околу 400 илјади денари.
Исто така издвоивме 300 000 денари за градски автобуски превоз за што испративме писмо за поддршка до општината. Бараме барем 2 дена бесплатен превоз во пазарните денови.

  • ЗП Прилеп има две активни и квалитетни КУД. Со нив ги претставивте македонските пензионери и во Словенија на меѓународниот фестивал за третото животно доба.. доба“. Кажете ни нешто и за нив.

- КУД „Пенка Котеска “ и КУД „Пензионер“ со право можам да кажам дека се нашите амбасадори, бидејќи нивните членови кои пеат, свират и не претставуваат не само во Македонија туку и надвор од неа. Тие наши  културни „амбасадори“ оваа година  ќе настапат на сите  регионални и државни културно-уметнички средби и натпревари. Со нив постигнавме многу, го афирмиравме и здружението и земјата.  Во Словенија го презентиравме македонскиот народен мелос преку песна и игра. За годинашните настапи и активности на овие два КУД како Здружение имаме издвоено околу  4 50 илјади денари за оваа, 2017  година.     
Повеќе активности планирани се, а верувам дека и ќе се остварат  преку Активот на пензионерки. Нашите колешки, пензионерките не се активни само за Осми март, ами тие се активни и во организирање предавањата од повеќе области, а најмногу од областа на здравствената заштита, заедничкото дружење со пензионерки од други здруженија и организирање на заеднички активности. За овие активности за годинава планиравме да  се потрошат околу 100 илјади денари.

  • Вие по професија сте правник и како таков сте работеле пред пензионирањето. Колку тогашното Ваше искуство Ви помага во секојдневната работа во Здружението ?

-Се разбира дека ми помага доста. Како претседател на ИО и претседател на ЗП Прилеп, се грижам претходно набележаните активности да се одвиваат согласно законите прописите и програмите, како и на финансискиот план на Здружението. Јас сум веќе втор мандат претседател, а и претходно бев ангажиран во  прилепското здружение на пензионерите. Во моите задачи набележани се и повеќе други работни задачи кои ги реализираме во заедница со ИО и Собранието на ЗП.  Се грижам исто така да се унапредува културно-забавниот живот, одморот и рекреацијата,спортските активности и др. Исто така се грижам и за отворање на нови клубови по разграноците. Досега имаме отворено 10 клуба за пензионерите и обезбедено простории за одржување и дружење на нашите членови.

  • ЗП Прилеп има околу 12.500 членови од општините, Прилеп, Кривогаштани, Долнени и поранешната општина Тополчани.  Каква е соработката со локалните самоуправи?       

-ЗП Прилеп остварува добра соработка со локалната самоуправа во Прилеп, потоа со СЗПМ и други Здруженија. Имаме свои претставници во органите на СЗПМ и телата во Сојузот. Посебно треба да се истакне соработката со Локалната самоуправа,таа е на завидно ниво и, би рекол подобра не може и да биде. Благодарение на соработката што ја имаме со ЛС и градоначалникот, Марјан Ристески, отворивме 4 клуба за дневен престој во простории сопственост на  ЛС  без надоместок.. ЛС има  доверба и разбирање  за нас, како што и ние имаме во нив. Во СЗПМ сме од ретките здруженија кои имаат отворено вака голем број на клубови. Со  ЛС се договараме за прашања што се во интерес на пензионерите. Во 2011 година отворивме клуб во Кривогаштани каде што вложивме 250 илјади денари сопствени средства  за реновирање на просториите и опремување. Со тоа се создадоа услови за подобро работење на тој клуб за пензионерите од  населените места од оваа Општина. Само една година подоцна се отвори нов клуб во Домот „Спиро Забрчанец“ за разграноците „Бончејца“, „Варошко маало“ и „Точила“. Во 2013 година потпишан е договор за соработка со ЛС Прилеп и урбаната заедница „Тризла“ за обезбедување на работна просторија за два разграноци „Тризла 1“ и „Тризла 2“. Во 2014 година се отвори нов клуб во огранокот „Вишне“ и комплетно се уреди и опреми, а по една година и во населбата во  истоимената општина Долнени којшто исто така комплетно се уреди и опреми. Во текот на минатата година  презедовме активност за отворање на клуб во населбата „Варош“ и се надеваме дека до крајот на месецов ќе го отвориме. Во  разгранокот  имаме мала просторија за клуб, а сега од ЛС ни е одобрена поголема  во Економското училиште, која во текот на идниот месец треба да започне да се адаптира и да се предаде во употреба за овој разгранок во Прилеп. Сметам дека ЗП Прилеп е едно од ретките здруженија во Македонија кое има отворено 11 клубови за дневен престој и дружење на пензионерите.  Во наредниов период во текот на годинава се надеваме да отворивме пензионерски клуб во руралната населба Ропотово. Така всушност и ни е зацртано. Секоја година да отвораме по еден клуб во разграноците.   
Добрата соработка што ја имаме со ЛС и градоначалникот  Марјан Ристески,
во 2014 год. на нашето здружение му донесе и Трето-ноемвриската награда со која се гордееме..

  • Каква е соработката со другите здруженија во Македонија и надвор од неа?

-Нашето здружение ЗП Прилеп на културно забавниот план, ја има проширено соработката со  здруженијата од југоисточниот регион и тоа со Велес, Богданци, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Валандово. Соработуваме и со ЗП од Битола, Куманово, Кочани, Охрид, Гази Баба Скопје  и други здруженија. Здружението, во сите изминати 10 години од кога сум претседател постигнува одлични резултати на сите полиња од работењето, но се разбира дека секогаш може и треба да биде подобро. Намерата ни е да бидеме најдобри!

К. Ристески

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3