Инфо  

Галерии

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СКОПЈЕ-доби негативна оцена од пензионерите!

3.9.2025

На 1. и 2. септември 2025 година голем број пензионери чекаа во ред пред банките и експозитурите да ја подигнат својата пензија за август месец 2025 година. Како што е познато ова се луѓе со над 65 години кои своите финансиски потреби најчесто ги реализираат на шалтерите на банките, а не со траен налог, со платежна картичка или преку телефон или компјутер.

Најлошо беше пред Комерцијална Банка и нејзините експозитури кои како другите банки, не работеа на 28 август 2025 година, а во некои населби како што е населбата „Топанско поле“ и „Скопје Север“ не работеа цели два месеци (јули и август 2025 заради годишните одмори, па луѓето од овие населби во кои живеат над 40 000 жители мораа да одат таму каде што можеа да завршат работа, притоа чекајќи автобус најмалку половина час во двата насоки на високи температури).

Хаосот на 1. и 2. септември 2025 година не беше само пред експозитурите пред кои нема ниту настрешница ниту клупа, туку и внатре каде работеше еден шалтер за физички лица и еден за фирми. Посебно беше лошо во ГТЦ во Центар во Скопје каде гравитира голем број на пензионери.

Чудно е однесувањето на оваа една од најголемите банки во Скопје во која најголемиот дел од пензионерите се нејзини коминтенти. Можеби ова е така затоа што Банката е задоволна од своите профити и не и се битни маките на граѓаните, а особено на пензионерите кои не го заслужуваат ваквиот однос кон нив. За да не се случи ова не се потребни некои големи финансиски средства, туку само подобра организација и  поголема  почит кон граѓаните, а посебно кон највозрасните.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3