Мислење - Известување до здруженијата на пензионери
9.8.20251. Заради интересот на пензионерите во врска со усогласувањето на пензиите Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија на седница одржана на 8.8.2025 година, по претходно одржана седница на Правно-Економскит форум ги информира пензионерите дека со Законот за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (Сл. Весник на РСМ број 154/2025 г.) објавен на 29 јули 2025 година, членот 37 од споменатиот закон не се применува во период од 1 септември 2025 до 31 март 2026 година.
2. Во тој период сите пензии што се во исплата на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат со ист износ добиен од процентот на порастот на платите и трошоците на животот, поделен со вкупниот број на корисници на пензија.
3. Линеарното зголемување на пензиите не е утврдено како трајно системско усогласување во Законот за пензиското и инвалидското осигурување како што истакнува група на пензионери што протестира и тоа не е став и мислење на Здруженијата на пензионери - членки на Сојузот. Со линеарното усогласување на пензиите се изврши поделба на пензионерите спротиставувајќи ги нивните лични интереси, што не е цел на ниеден пензиски систем.
4. Од Работната група формирана од Владата на РСМ за реформи на пензискиот систем, се очекува да посвети соодветно внимание на институтот усогласување на пензиите, а Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија е согласен да даде свој придонес во претстојните реформи на пензискиот систем.
5. До Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија доставени се предлози и барања за оцена на уставноста на членот 37 од Законот за измени и дополнување на Зконот за пензиското и инвалидското осигурување (Сл. весник на РСМ број 154/2025 година, како и подршка на веќе покренатите иницијативи до Уставниот суд. Притоа, Сојузот смета дека Уставниот суд ќе ги има предвид принципите на пензиското и инвалидското осигурување со цел заштита на пензијата како лично, материјално и неотуѓиво право, а со цел спречување на поделба на пензионерите.
6. На крајот, Сојузот ја истакнува околноста дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни без оглед дали ќе се покрене постапка или ќе се интервенира во Законот, а одлуките на Уставниот суд имаат значење на Уставно судска правда.
Извршен одбор на СЗПМ,Претседател : Станка Трајкова