Инфо  

Галерии

Уште една успешна активност и соработка помеѓу Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и Црвениот крст на РС Македонија

Добиен Грант од Европската унија за поддршка на старите лица во рурални средини

17.10.2022

Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија е асоцијација која се грижи за пензионерите во граница на своите можности. Сите активности се насочени во интерес на луѓето од третата доба. Во тој контекст 2022 година беше прогласена за година на РУРАЛЕН ПЕНЗИОНЕР и е посветена на старите луѓе во руралните средини.
Со овој проект Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија конкурираше преку Црвениот крст на РС Македонија за средства во рамките на грант-договорот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на ковид-19 и идни катастрофи“ со Европската унија. Проектот „2022 година на Рурален пензионер“ како корисен и соодветен беше прифатен, и на 6.10.2022 година беше потпишан договор помеѓу Црвениот крст на РС Македонија, од страна на генералниот секретар д-р Саит Саити и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија претставуван од Ментор Ќоку, потпретседател на Извршниот одбор на Сојузот. Грантот изнесува 5.700 евра и средствата ќе бидат реализирани исклучително за помош на старите луѓе во руралните средини, во вид на помош и поддршка, особено на пензионери со ниски пензии, болни и изнемоштени.
Заради утврдување на одредени постапки и начини на реализирање на овој проект, на 25.10.2022 година, во Сојузот се одржа работен состанок на кој присуствуваа: Љупка Петковска, раководител на Секторот за програми и Жаклина Поповиќ, сам. стручен соработник за финансиско работење од страна на Црвениот крст и Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ, Ментор Ќоку, потпретседател и Менка Темелковска, секретар на Извршниот одбор на Сојузот и други.
Состанокот беше корисен, а вакви состаноци ќе има уште за што поуспешна реализација на Грантот добиен од Европската унија, за што Сојузот се заблагодарува во име на 290.000 пензионери, негови членки.
Добиените средства Сојузот ќе ги употреби за помош на руралниот пензионер од здруженијата на пензионери, според одредени мерила и критериуми согласно со склучениот договор.

Калина С. Андонова
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3