Ден на пензионерите на Македонија - 20 септември
      20.9.2022Денес  Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го одбележува на пригоден  и достоинствен начин Денот на пензионерите на Македонија - 20 септември. 
  Одбележувањето на овој важен датум за пензионерите, е  во рамките на проектот на СЗПМ „2022 година на рурален пензионер“, со кој  Сојузот се фокусираше на грижата и помошта на пензионерите во руралните  средини. По тој повод како најактивни Признанија добија здруженијата на  пензионери: Гевгелија, Валандово, Штип, Кратово и Сарај.
  Нека ни е честит Денот и да го одбележуваме и  прославуваме уште многу години со нови активности, постигнувања и резултати во  интерес на сите сегашни и идни пензионери. 
  
  Станка  Трајкова
Претседателка  на СЗПМ