Инфо  

Галерии

Пример – како не треба да се работи

23.9.2020

По 18-ти пат започнаа да се остваруваат Регионалните ревии на песни, музика и игри 2020 година, кои се во тек. На 22 септември 2020 година се одржа Регионалната ревија во Лозово, на 23 овој месец на  оваа музичка манифестација домаќин беше Здружението на пензионери од Велес, а самиот настан се случи  на плоштадот во Гратско. Зружението на пензионери од Македонска Каменица на 24 септември беше домаќин на Регионалната ревија од Првиот регион. Овие музички манифестации продолжуваат и понатаму со желба да  се одржи и Републичката ревија на песни, музика и игри, 2020 година.

На овие ревии доследно се почитуваа Насоките дадени од Сојузот на зруженија на пензионерите на Македонија со цел истите да бидат со редуцирана содржина и преземени сите превентивни мерки на заштита од вирусот Ковид 19. За одржување на ревиите се согласи најголем број на Здруженија на пензионери – членки на Сојузот.

Меѓутоа, на овие Регионални ревии  на песни, музика и игри кои се прогласени за манифестации од национален карактер, сенка фрли постапката на Здружението на пензионери од Кавадарци. Имено, на подготвителниот состанок  во ЗП Велес претседателот  на ова зружение Ристо Анѓушев со неговиот деструктивен однос се обидел да влијае да не се одржи Регионалната ревија. Основна причина која тој ја истакнал  била пензионерите да  не учествуват на  ревијата бидејќи биле ризична целна група.

За да несериозниот однос и лицемерието постигне кулминација и биде Пример како не треба да се работи е фактот што ЗП КАВАДАРЦИ со цела група пензионери учествува на манифестацијата „Охридски староградски средби” , а не и на  пензионерските Регионални ревии на песни, музика и игри  кои се врв на пензионерското организирање и музичка манифестација која има за цел  да го зачува нашето национално творештво, а преку тоа  и нашиот идентитет.

Затоа, постапката на Здружението на пензионери на Кавадарци е пример како не треба да се работи.

Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3