Инфо  

Галерии

Активности на СЗПМ
Меѓународна соработка
Награди и признанија
Јубилеи
Меѓусебно информирање за работата на СЗПМ и здруженијата

Состанок во СЗПМ со претседателите на скопските здруженија на пензионери

21.8.2020

Во Скопје, пензионерите се организирани во 14 здруженија на пензионери членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со околу 90 000 пензионери. Врз основа на Програмата за работа на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија за 2020 година, на 21.8.2020 се одржи состанок со претседателите на здруженијата на пензионери  од Скопје на коj присуствуваа 12 здруженија. Целта на состанок беше да се запознаат претседателите на здруженијата со активностите на Сојузот и обратно, во изминатите месеци во кои владее пандемијата со коронавирусот и договор за натамошни активности значајни за Сојузот и Здруженијата.

На состанокот присуствуваше и потпретседателот на Извршниот одбор на СЗПМ, Ментор Ќоку, а со состанокот раководеше претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, која ги поздрави присутните и меѓу другото рече:
- Пандемијата ги ограничи нашите активности особено оние кои се помасовни, бидејќи ние пензионерите спаѓаме во една од најризичните групи погодени од коронавирусот, но животот продолжува и ние се приспособуваме на новонастанатите услови.

Инаку, ова е втор состанок со претседателите на здруженија на пензионери членки на Сојузот. Првиот беше со новоизбраните претседатели. Се разбира дека со Програмата се предвидени уште вакви состаноци бидејќи користа од нив е повеќе струка и обострана. Најнапред сакам да ве информирам со активностите на Сојузот. Иако пандемијата го отежнуваше работењето, беа одржани повеќе седници на органите и телата со цел да биде одржан континуитетот на активностите содржани во Програмата за 2020 година. Сојузот одржа неколку седници на ИО и една на Собранието. Беа иницирани неколку нови проекти од интерес на целокупното членство, чие реализирање е во тек. Како поглавни ќе ги издвојам: анализа на усогласеноста на Статутите на здруженијата на пензионери со Статутот на Сојузот, слободната линија „Ало пензионерски прашања“, формирањето на фонд на книги од автори финансиски поддржани од Сојузот и друго, - информираше претседателката Трајкова.

Потоа имаше богата дискусија во која учествуваа поголемиот дел од присутните. Од дискусиите може да се заклучи дека сите скопски здруженија и во овие отежнати услови биле активни, а активностите имале главно социјален и хуманитарен карактер заради пандемијата. Во таа насока ќе продолжат и наредните активности, се разбира диктирани од состојбите со корона вирусот.
На крајот на присутните им беа поделени држачи за дезинфекциски средства и дезинфекциски средства, донација од компанијата ИутеКредит, од што претседателите беа пријатно изненадени од вниманието кон пензионерите на оваа општествено одговорна компанија.

Калина С. Андонова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3