Инфо  

Галерии

Барањe  за продолжување  за уште еден час за највозрасните

16.4.2020

Сојузот на здруженија на пензионерите  на Македонија ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата во услови на пандемија заради вирусот Ковид19 за заштита на сите граѓани во нашата држава. Особена благодарност изразува до вработените во маркетите и на сите други за помошта што се дава на пензионерите како сензитивна и ризична популација.

Меѓутоа, во однос на мерката пензионерите во текот на денот да имаат на располагање само два часа има голем број на реакции  и барања  да се разгледа можноста за продолжување на оваа време за уште еден час  и тоа би било оптимално време, за кое тие, како возрасна популација би си  ги завршиле неопходните обврски и потреби, а продолжувањето е особено значајно за жителите од руралните средини.

Исто така, Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија апелира до другите граѓани да се воздржуваат од извршување на одредени активности  во истиот временски интервал со цел приоритет да им се даде на пензионерите.

Претседател на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3