Инфо  

Галерии

Второ соопштение во услови на Корона вирусот

26.3.2020

Во услови на натамошен развој на пандемијата предизвикана од КОВИД 19 до Здруженијата на пензионери и пошироката јавност се дава ова второ соопштение со додатни препораки:

  1. Со цел натамошна заштита на корисниците на пензија како ризична група пензионерите повторно се потсетуваат на Препораките што Извршниот одбор на СЗПМ ги донесе на 28.2.2020 година:
    • Да се престане со организирање и одржување на пензионерски манифестации и дружења;
    • Да се почитуваат препораките што се однесуваат на другите граѓани, но пензионерите истите подоследно да ги применуваат;
    • Секое Здружението доколку е во состојба, на болните и изнемоштени и пензионерите со ниски примања да им помогна со средства за хигиена, продукти за исхрана и др;
    • Се советуваат пензионерите да ги ограничат своите посети односно да ги користат само кога тоа е неопходно.
  2. Се информираат Здруженијата на пензионери дека на телефонска седница на Извршниот одбор на СЗПМ беше донесена Одлука со следната содржина:
    • Се одлагаат регионалните ревии на песни, музика и игри и регионалните спортски натпревари се’ до создавање на услови за нивно одржување;
    • Се овластува претседателката на Извршниот одбор на СЗПМ заедно со домаќините на овие манифестации дополнително да ги утврдат датумите на нивно одржување.

Покрај овие препораки, како неопходна околност во овие услови, се препорачува затворање на пензионерските клубови и ангажирање на Здруженијата на пензионери да помагаат на стари и осамени пензионери и да ги поврзат со мобилните сервиси што функционираат во општините во соработка со Црвениот крст.

Во услови на КОРОНА вирусот здруженијата преку инклузивни активности со Црвениот крст и Општината низ разни облици и форми на соработка, да помагаат на пензионерите на кои тоа им е најпотребно со обезбедување дезинфекциони средства, маски, ракавици и др.

Сите погоре наведени активности во редовни и вонредни услови на дејствување, Здруженијата и Сојузот своите активности ги остваруваат на волонтерска основа или со симболични надоместоци што ги имаат избраните лица кои не се ”платени“ функции, а само во неколку здруженија има лица во работен однос.

Во оваа прилика се информира пошироката јавност дека Здруженијата на пензионери како граѓански, невладини и непартиски организации, средствата за остварување на своите активности утврдени со нивните Статути ги реализираат со сопствени средства без да го оптеретуваат Буџетот на државата. За материјално-финансиското работење постои правна рамка за користење на средствата во Здруженијата и Сојузот во интерес на корисниците на пензија, а за пример се зема обврската на здруженијата за социјални и солидарни активности да издвојуваат најмалку 25% од планираните расходи за тековната година.

Во овој контекст значајно е да се истакне дека покрај хуманитарните активности, Здруженија на пензионери дел од приходите користат и за други активности: адаптација, опремување и отворање на пензионерски клубови, реновирање на пензионерските соби кои ги имаат одделни здруженија и за овие активности неминовно е планирање и штедење на средствата, бидејќи здруженијата се граѓански и непрофитни организации кои како такви не можат да земаат банкарски кредити. Што се однесува до здруженија кои евентуално располагаат со средства на нивната сметка, се исклучително мал број на поголеми Здруженија, а останатите здруженија своите активности пред се’ ги извршуваат скромно на волонтерска основа, со материјална поддршка од СЗПМ според услови и критериуми утврдени со Правилник на Извршниот одбор на Сојузот.

Станка Трајкова,
претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија

 

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3