Програма на СЗПМ  

Галерии

Активности на СЗПМ
Меѓународна соработка
Награди и признанија
Јубилеи

Врз основа на член 15 став 1 алинеја 1 од Статутот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Извршниот одбор на Сојузот на седницата одржана на 17.11.2017 година утврди

ПРОГРАМА
за работа на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија за 2018 година

I

Со оваа Програма ќе  се реализираат активности од областа на пензионерското организирање значајни за  корисниците на пензија во нашата држава. Главен носител на извршување на активностите е Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија во соработка со здруженијата на пензионери - членки на СЗПМ.

II

Средствата за реализација на програмата се обезбедуваат согласно  членот 32 од Статутот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, планирани со  финансискиот план на Сојузот.

Во реализација на програмата учествуваат сите комисии и тела на Собранието на СЗПМ и Извршниот одбор на Сојузот.

III

Со програмата на Сојузот се опфаќаат целите и дејностите утврдени во членот 10 од Статутот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија како и задачите утврдени во Нациoналната стратегија за стари лица 2010-2020 година како и други  национални стратегии и документи кои се однесуваат на старите лица.

IV

Основни принципи врз основа на кои се заснива програмата односно активноста на СЗПМ е слободно искажување и промовирање на своите ставови и мислења за прашања од интерес на корисниците на пензија, поведување на иницијативи и активно учество во градење на јавното мислење и креирање на политиките.

При спроведување на Програмата  се имаат предвид и принципите на: остварливост, промоција, одговорност, вклученост, оптимизација и друго.

За поефикасно спроведување на задачите од оваа Програма може да се подготвуваат и оперативни програми.

За успешна реализација на Прогамата  ќе се остварува соработка со соодветните  државни органи, ЗЕЛС, Црвениот крст и  други невладини и непартиски асоцијации и фондации.

V

 Во 2018 година Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, како невладина, непартиска и мултиетничка асоцијација  самостојна во организирањето и остварувањето на целите, интересите и дејностите ги планира  ќе ги реализира следните активности и задачи:

- Како една од основните цели и задачи  на СЗПМ   утврдени во Статутот е следење и проучување на остварување на уставните и законските права на корисниците на пензија. Се работи за темелни уставни вредности кои се однесуваат на граѓаните на Република Македонија вклучувајќи ги и корисниците на пензија како што е почитување на личноста, обезбедување на пристојна егзистенција за сите лица  кои немаат доволно средства  за живот, почитување на човечкото достоинство  врз основа на  принципите на еднаквост и солидарност, со поставување на поединецот – пензионерот во средиште на вниманието.
 
- Во 2018 година повторно во фокусот е донесување на Законот за пензионерско организирање. По утврдвување на  новата иницијатива на Правно-економскиот форум и на  Извршниот одбор на Сојузот истиот  ќе се достави  на јавна расправа во здруженија на пензионери. По разгледување на предлозите и мислењата од јавната расправа  и подготовка на Предлог- иницијативата,  истата ќе се   достави до Собранието на СЗПМ за негово донесување. Потоа ќе се достави до Министерството за труд и социјална политика.

- Заштита на  стекнатите права од пензиското и инвалидското осигурување  како и унапредување на правата  на идните пензионери е континуирана задача на Сојузот и неговите органи. Во својaта работа Сојузот постојано го следи остварувањето на  стекнатите  права од пензиското и инвалидското осигурување како во однос на редовна исплата на пензиите така и  грижа за нивно редовно усогласување. Од 1 јнауари 2017 година пензиите се усогласуваат со порастот на платите и трошоците на животот со заложби  за дополнително зголемување на пензиите.

- Информација за работа на Одборот на Регистрираната организација и состојбата со членарината и Солидарниот фонд за посмртна помош.

- Прашањето на здравствената заштита е постојано во фокусот на Комисијата за здравство и социјална политика на Извршниот одбор на Сојузот. Во 2018 година ќе се следи  извршувањето на барањето за целосно ослободување од партиципација за здравствени услуги (прегледи, дијагностички испитувања и болничко лекување на корисниците на пензија) како и предлогот ослободување од болничко лекување на корисници на пензија од 12.600 ден. да се зголеми на 15.500 денари.

Значајна активност во 2018 година е и барањето на СЗПМ за  адаптација и пренамена на делови од неискористениот простор во општите болници во геронтолошки одделенија за потребите на старите лица. Што се однесува до проширување и зголемување на бројот на лекови на позитивната листа што се на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе се  бара  измена на постојната законска регулатива. За подобрување на снабденоста со лекови на теренските доктори  во 2018 година ќе се унапреди соработката меѓу СЗПМ и   ФЗОМ.

Во 2018 година СЗПМ ќе го следи предлогот  за  измена на Законот за здравствено осигурување со цел децата на корисници на пензија да остварат право на боледување за нега на нивните стари и болни родители – корисници на пензија. Во 2018 година СЗПМ ќе се залага да се остварат проектите на ФЗОМ како што е: воведување на нови пакувања на лекови и можност за подигнување на парче за хронично болните пациенти и подигнување на тримесечна терапија на парче за хронично болните пациенти.

- Подршка на мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите  како што се  бесплатна бањска рекреација,   бесплатен автобуски и жележнички превоз, намалени цени на културни настани и сл. Проектот бањско- климатска рекреација ќе се реализира и во 2018 год. кој проект  е прифатен од корисниците на пензија.Во контекст на подобрувањена  на  животниот стандард на  пензионерите ќе биде и подршката од СЗПМ на  проектот за воведување  на услуги (како кетрин со храна со обезбедување на три оброци дневно) кои би се доставувале на старите лица кои имаат потреба од ваква услуга по однапред определено време и избрано мени.

-  Следење и ангажирање за изградба на пензионерски и старски домови и дневни центри за престој на пензиoнерите кој пакет на активности се постојана задача   и Сојузот  и понатаму ќе се залага за изградба на државни пензионерски односно старски домови каде сместувањето ќе одговара на пензиoнерскиот стандард. Сојузот во континитет ќе ја следи изградбата на пензионерскиот односно старскиот дом во Штип , Кочани, Берово, Охрид, Кавадарци, Струмица  со геронтолошки одделенија  и на други места во Републиката.  Исто така, ќе се подржи активноста на зголемување на контролата  во приватните установи каде се сместени пензионери како и  на утврдување на максимална и минимална цена во овие установи.

- Информација за имплементирање на Пензионерската социјална карта во ЗП Кисела Вода и ЗП Лозово. Информациите  ќе имаат  за цел да се  прикаже достигнатото ниво на активностите за воведување на Пензионерската социјална карта во ЗП Кисела Вода и ЗП Лозово и информациите  ќе ги подготват овие здруженија.

- Организирање и следење на   23-те спортски натпревари на пензионерите во Република Македонија . Од година на година спортските активности стануваат масовна преукупација на пензионерите со цел  активно и здраво стареење. Анализирајќи ги спортските натпревари во 2017 година од страна на Комисијата за спорт и Извршниот одбор согледани се задачите кои треба да се преземат за поуспешни спортски игри во 2018 година (предлагање на поквалитетни судии од страна на здруженијата, соодветни услови за одвивање на спортските натпревари и друго).

- Организирање и следење на 16-те регионални ревии на песни, музика и игри и Републичка  ревија на песна, музика и игри како културна манифестација од национален интерес за држвата. Во рамките на оваа програмска задача е и разгледување на Извештај  од регионалните и  Републичката ревија на песни, музика и игри со цел натамошно унапредување на овие културни манифестации.

- Регионални состаноци како подготовка за изборните активности за новиот мандат 2019-2020 година во ЗП и Сојузот.

-Следење на традиционалните средби на зелено во организација на  ЗП и помош на  СЗПМ.

- Збогатување на меѓународна соработка, со нагласка на соседните држави, како и продолжување на учество на меѓународниот фестивал Трета животна доба во Љубљана – Р. Словенија.

 - Регионални состаноци на претседателите на ЗП на кои средби ќе се разгледуваат прашања од заеднички интерес за сите здруженија членки на СЗПМ со  натамошниот развој на социјално – хуманитарната страна преку самостојни и инклузивни активности во соработка со Црвениот крст и други граѓански невладини организации за помош и заштита на старите лица во нивните домови.

-Соработка на Здруженијата на пензионери со локалната власт.
Во 2018 година ќе се подржува исклучително важната соработка  со локалната самоуправа со потпишување на спогодби за соработка односно помош за  отварање на пензионерски клубови, заштита на старите лица , помош во организирање на пензионерски средби и друг  вид на активности во насока на здрав и активен пензионерски живот.

-Вклучување на пензионерите во зачувување на животната средина преку разни еколошки активности кои ги организираат ЗП, Движењето  на екологисти, локалната самоуправа и др.

-Одржување на работилници за сметководители и дописници  на кои ќе се третираат прашања поврзани со нивнaта работа.

-Одбележување на 20 септември Денот на пензионерите на свечен и достоинствен начин.

-Информирање и транспарентност во работата на СЗПМ и здруженијата ќе се остварува со излегување на бесплатниот весник „Пензионер плус”  како и прилогот во Нова Македонија „Пензиoнерски видици” и страницата за пензионери на албански  во весникот Коха, Веб - страната на СЗПМ, објавување на билтени и брошури како и информирање преку останати медиуми.

VI

Оваа програма ќе се објави во весникот „Пензиoнер плус” и Веб станата на СЗПМ.

VII

Програмата на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија е од отворен карактер и ќе се менува и дополнува со прашања кои ќе се наметнат со својaта. актуелност.

22 декември  2017 год.
Скопје

Собрание на СЗПМ

 

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3