За нас

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија e самостојна, невладина и неполитичка, мултиетничка организација, кој е самостоен во организирањето и остварувањето на целите, интересите и дејностите на здруженијата на пензионерите во Македонија  - членки на Сојузот за нивно остварување согласно Статутот на Сојузот. Сојузот во континуитет се развива оставајќи позитивни траги и во развојот на државата. Сојузот  е  асоцијација на 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени заради заштита и унапредување на своите заедничките цели и интереси, а особено за  остварување на  правата од пензиско и инвалидско осигурување, како и за поквалитетна здравствена заштита и унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите, утврдени со на Сојузот.

/vesnik/images/info/szpm.jpg

Сојузот како повисок облик на организирање има органи составени од претставници  на здруженијата кои непосредно непосредно учествуваат  донесување на одлуки на Сојузот. Од овие детерминанти произлегува карактерот на Сојузот. Здруженијата се самостојни субјекти кои ја уредуваат својата организација, односно формирање на ограноци како основни клетки.

Од 53 здруженија само во Скопје постојат 14, со ограноци и Клубови на пензионери кои ги отвораат организираат самите здруженија со свои средства, но многу често и со поддршка на локалната самоуправа. Нивниот број е над 450 клуба од кои околу 50 се на подрачјето на Скопје. Клубовите ги има во градовите, но и во руралните средини. Во нив неделно поминуваат околу 150 000 пензионери. За остварување на правата на пензионерите здруженијата-членки на Сојузот, и СЗПМ соработуваат со општините со градоначалниците, како и со други здруженија и нивните сојузи, со невладини организации и фондации и со пензионерски асоцијации од други земји.

Оваа година Сојузот одбележува 79 години од првото пензионерското организирање во Македонија, но својство на самостоен правен субјект има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација, која по донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации во 1998 година е пререгистрирано во Основниот суд во Скопје.

Секоја година во организација на Сојузот се одржуваат 8 фолклорни ревии во 8 региони во земјата, каде домаќини се 8 различни градови. Оваа година се одржаа 7 заради трагедијата во Кочани во тој регион не се одржа регионална ревија.

По завршување на регионалните ревии се одржува Републичка фолклорна ревија на ниво на државата на која учествуваат најдобрите од сите 53 здруженија, едно или две здруженија од нив одат на Меѓународниот фестивал за Трето доба во Љубљана веќе 20 години.

Исто така, секоја година се одржуваат  и 8 регионални спортски натпревари кои опфатат околу 25 000 пензионери. На 20 септември, Денот на пензионерите во Македонија, во чест на кој се одржува Републичката Спортската пензионерска Олимпијада.

Тоа се две најмасовни случувања.

Во организација на СЗПМ се одржуваат и голем број средби и собири по разни поводи во разни излетнички места и културно историски обележја на кои присуствуваа и до 10 000 пензионери. Во рамките на здруженијата развиена е хуманитарна активност која се заснова на солидарност и волонтерство.

Заради сите овие активности, а особено заради негување на националниот фолклор Сојузот на здруженија на пензионери се здоби со статус на организација од јавен интерес за државата.
Сојузот го издава весникот „Пензионер плус“ кој е официјално гласило на Сојузот на здруженија на пензионерите  на Македонија, и се дистрибуира до здруженијата на пензионери во сите градови на Македонија. Весникот има информативен, едукативен и забавен карактер. Во него се поместени информации  од животот на пензионерите, информации и написи за нивните проблеми и постигања, написи од нивниот културно-забавен и спортски живот, информации за активностите на здруженијата, информации од ФПИОМ и ФЗОМ, написи за соработката на здруженијата со локалната управа, написи за здравје и исхрана, занимливости и друго.  Весникот се печати на 16 страници, колор, а излегува во 5 500, иако има барања за зголемување на тиражот, заради големиот интерес од страна на пензионерите. Весникот е наменет за пензионерите и оние кои тоа ќе станат наскоро, како и за нивните семејства и е БЕСПЛАТЕН. Инаку, весникот го уредуваат пензионери, поранешни професионални новинари, пензионери од сите градови, професии и етничка припадност. Една страница во весникот е на албански јазик. Весникот се поместува и на ВЕБ страницата на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија www.szpm.org.mk , на која здруженијата негови членки имаат свои подстраници. Претседателка на Сојузот и на Извршниот одбор е Станка Трајкова, Претседател на Собранието е Добре Иванов, а секретар Менка Темелковска.