Новости

Заедничка седница на Статутарната комисија и на Правно-економскиот форум

Реакција во интерес на вистината

Реакција во интерес на вистината

За да се сфати реалноста и да се разбере стварноста, со единствена цел да може да се донесе исправна одлука и да се негира она што поранешниот претседател на Сојузот Драги Аргировски во неговата колумна „Во СЗПМ ’очекуван земјотрес‘“, а повод е отчетната седницата на Собранието, Статутарната комисија и Правно-економскиот форум на 12 мај 2026 година одржаа заедничка седница, а на дневен ред се најде токму наведената колумна. На седницата на Собранието присуствуваа 51 делегат и се работеше со двотретинско мнозинство, на која се поднесени и усвоени извештаи за работата на Сојузот. Се разгледуваше колумната и се дискутираше за да има одговор од двете тела на Сојузот, за да се види што е намерата.

Во колумната се изнесени претпоставки за незаконито работење, за трошење средства и нетранспарентност. Меѓутоа, нема ниту еден наведен факт од кој произлегуваат неговите заклучоци во колумната. Се констатираше дека е постапено согласно со Статутот, неспорен факт е дека седницата е одржана легитимно и е утврден кворумот, а неоснован е наводот дека усвоените одлуки на Собранието се нелегитимни, односно незаконити.

Во колумната се тврди дека претседателката ги срушила четирите основни столбови на работењето на Сојузот, транспарентност, толерантност, објективност и успешност во работата. Во врска со тоа, нема никаква аргументација во колумната. Напротив, овие се статутарни принципи и тие се строго применувани во текот на мандатот на претседателката Трајкова. Транспарентноста продолжува, со написи во „Пензионер плус“, особено претседателката е активна и учествува на медиумите за прашања кои се актуелни. Не може да се каже дека се срушени четирите столбови во Сојузот, затоа што сите актуелни прашања во Сојузот се објавуваат во „Пензионер плус“ и на веб-страницата. Освен тоа, еден дел од активностите на Сојузот е учеството во ТВ-емисијата „Трета доба“,  спортските игри, во музичките ревии. Тоа се активности кои се многу битни и суштински за пензионерите. Исто така, за успешноста во работата кажуваат и финансиските показатели  дека успешно се работи во Сојузот. Во однос на успешноста на работата на Сојузот факт е дека Владата донесе решение дека СЗПМ е организација од јавен интерес.

Во тврдењето дека за периодот додека е Трајкова претседателка, пензионерите организирале протести. На седницата се нагласи дека за протестите на пензионерите не е причина Сојузот, туку поделбата на пензионерската популација, со фактот дека се воспоставени два модела на усогласување на пензиите, линеарно и процентуално.

Исто така, во колумната наведува дека во рефератот на прославата за 80 години пензионерско организирање, од претседателката не бил спомнат периодот кога тој бил претседател на Сојузот. Напротив во рефератот го има опфатено и периодот во кој Аргировски бил претседател. Но, потенцирано беше во рефератот дека неговиот придонес е значаен во делот на информирањето, како новинар и публицист.

Но, делот од колумната каде што Аргировски наведува дека пензионерите и забележувале и за нејзиниот непотизам со хонорарно ангажирање на роднини и блиски пријателки, како и други дејанија спротивни на европските стандарди, и дека нетранспарентно ги троши средствата. Извештајот од независниот ревизор дава спротивно, дека нема никаква злоупотреба, никакво незаконито трошење на пензионерските пари. Всушност авторот на колумната, со тоа прави типично подметнување и клевета.

Може да се каже дека целата содржина на наведената колумна е со одредена цел која не е добронамерна и сите наводи во колумната „Во СЗПМ ’очекуван земјотрес‘“ не се соодветни на реалноста. Колумната изобилува со многубројни невистини, подметнувања, клевети и навреди на работата, на наводното однесување и постапување на претседателката Трајкова. Од тука е логично прашањето, кои биле мотивите и причините за вакво излевање на гнев, непочит, клевети и навреди против претседателката. Всушност, самиот автор отворено се разоткрива, откако на почетокот на колумната истата ја украсува со сензационализам и цинизам во однос на претседателката како епицентар на наводно очекуван земјотрес. Мотивите за непочитување на претседателката од страна на авторот  почнуваат уште порано кога завршил мандатот на Аргировски и кога за претседател беше избрана Станка Трајкова. Меѓутоа, конкретен повод е неповикувањето на Аргировски на свечената седница  на 80 години пензионерско организирање, а и тоа  дека во рефератот  на претседателката не биле опфатени најголемите успеси што биле постигнати  во функционирањето и работата на Сојузот во неговиот период на двата мандата што ги имал во Сојузот. На некој начин наведува дека би требало претседателката да биде разрешена од функцијата во Сојузот, односно да се одржи вонредна седница на Собранието. Независно од вистинските мотиви основно прашање е поставено во колумната. Дали се срушени четирите столбови на работа и функционирање на Сојузот во времето кога како претседателка е Станка Трајкова? Овие принципи кои се наведени во колумната се всушност статутарни принципи и во неговиот и во сегашниот мандат на кои претседателите обрнуваат посебно внимание и може да се каже дека функционирањето на Сојузот е успешно и во времето на актуелната претседателка Трајкова.

СЗПМ