Програма

Програма за 2025 на ЗП Прилеп

Програма на ЗП Прилеп за 2025 година е составена од Програмите на комисиите кои постојат во здружението.

Комисија е здравствената и социјалната заштита

  1. Да се ангажираме да  се преиспита позитивната листа на лекови и целосно укинување на партиципацијата во сите здравствени установи за сите пензионери, како и изедначување на приватното со јавното здравство.
  2. Доделување еднократна неповратна парична помош  на секои 4 месеци, односно во месеците февруари, јуни и октомври во висината најмногу до 10.000,00 денари.
  3. Климатско и бањско лекување -  За таа цел предлага во финансовиот план да се предвидат 700.000 денари.
  4. Комисијата за културно забавен живот / во понатамошниот текст КЗЖ/, при Здружението на пензионери на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, целокупниот културно забавен живот го програмира, организира и реализира врз основа на учество на што повеќе манифестации организирани по повод на најразлични значајни настани ,празници и јубилеи на локално, регионално и државно ниво.

Комисијата за културно забавен живот во текот на 2023 година  ќе настојува успешно да се реализираат програмските задачи и активности.

  1. КУД "Пензионер" и "Пенка Котеска", ќе пеат, ќе свират, ќе играат и ќе се дружат, се со цел нив и на сите други пензионери, кои ќе ги гледаат и слушаат, овие години да им бидат поисполнети, повесели, поведри, порадосни
    и полесно да им минуваат деновите од третата животна доба.
  2. КЗЖ ќе настојува двете КУД "Пензионер" и "Пенка Котеска" на сите настапи успешно да не презентираат како ЗП-Прилеп и  како град Прилеп .
  3. Успешното остварување на целите и задачите во 2025 година многу ќе зависи  од ангажираноста на КЗЖ,   уметничките раководители на двете КУД и од сите членови на друштвата.
  4. Со цел успешно да се реализираат програмските цели и задачи, поврзани со културно забавниот живот на пензионерите, КЗЖ ќе соработува со органите и телата на ЗП Прилеп, со Секцијата на жени при ЗП Прилеп, со Комисијата за културно забавен живот на СЗПМ на РМ и со другите ЗП од РМ.

Комисијата за одмор и рекреација 
За календарската 2025 година оваа предлог програма Комисијата ја доставува до ИО на ЗП Прилеп и до месните разграноци на јавна расправа.
Истите  имаат  право да предлагаат забелешки и измени, и доколку истите се оправдани, ќе бидат разгледани и внесени во програмата од страна на Собранието и Извршниот одбор на ЗП Прилеп, после тоа таа ќе стане конечна и ќе може да се применува во 2025 година.
По усвојувањето на вака предложената програма, Комисијата почнува да врши подготовка за нејзина успешна реализација во пракса.
Основан цел на оваа програма е пензионерите да ги задоволат потребите за одмор и рекреација запознавајќи ги убавините и културно-историските знаменитости на нашата држава. Единствена цел на ЗП Прилеп е пензионерите да се дружат, шират познанство, пријателства со цел да го направат нивниот живот поинтересен и забавен за полесно да ги доживуваат пензионерските денови.

Комисијата за спорт во 2025 година       
Како појдовна основа за изготвување на оваа програма за работа на Комисијата за спорт во 2025 година, беа одредбите на Статутот на Здружението на пензионери - Прилеп.

 Комисијата за спорт исто така го имаше предвид и Правилникот со позициите за организирање  и спроведување на пензионерските спортски натпревари и игри,  усвоен од страна на Извршниот одбор на СЗПМ. Со одредбите на овој правилник, подетално се  определуваат пропозициите  за начинот на организација и спроведување на пензионерските спортски игри, спортските дисциплини и условите под кои се одржуваат спортските натпревари на општинско, регионално и републичко ниво.
Редовната физичка активност , покрај другото е еден од факторите кој допринесува во голема мерка, за зачувување  на здравјето и успорувањето на стареењето. Заради тоа треба што повеќе да се спортува, вежба, рекреира. Така полесно , побезболно се победуваат годините, а движењето е половина здравје.
Со самото стареење секако дека се чувствува се поголема немоќ- неспособност за извршување на секојдневните обврски, а со спортувањето таа немоќ се намалува, па обврските полесно се извршуваат.
Затоа ние како комисија за спорт при ЗП Прилеп и оваа година, како и претходната, ќе се залагаме  што повеќе и помлади пензионери  да се вклучат во спортските активности.

Активот на жени и за оваа 2025 година, предлага  програма за работа , која програма  ќе овозможи продолжување на успешното функционирање на Активот на жени , а со тоа и за севкупната успешна активност на Здружение- то на пензионери Прилеп. Програмата  е во рамките на активностите карактеристични за самото Здружение на пензионери.
Работењето во изминатите години не охрабрува и оваа 2025 година да предложиме сличен број на активности , а со цел посакуваниот успех на Активот на жени да биде што подобро реализиран. Одборот на  Активот  на жени предлага добрата соработка со помошните тела/ комисии/, како и со ИО  и стручната служба да продолжи.
И за оваа 2025 година, активностите  ги групираме во зависност од нивната природа:
1.Предавања -
а.Предавања по повод одредени празници-датуми,
б.Предавања од разни области
2.Дружење со Активи на жени од други градови.
3.Литературни активности.
4.Екскурзии – излети.
5.Музичко забавни дружења.
6.Хуманитарни активности.        
7.Состаноци на одборот на АЖ, редовно планирани 4 пати во годината и состаноци по повод организирање на одредени програми  по повод одредени празници и тоа 14-ти јануари-Стара Нова Година, 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената и 20-ти Септември Денот на пензионерското организирање.