Новости
Соопштение
Иницијативен одбор за подобрување на работата на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, на 4 ноември 2026 година одржа вонредна седница во пензионерскиот клуб во Автокоманда. На седницата учествуваа легитимни членови на Собранието на Сојузот од 12 здруженија на пензионери со 16 гласа од вкупно 71 делегат на собранието на сојузот од 53 Здруженија на пензионери членки на сојузот.

Сојузот најостро ги осудува очајните обиди за манипулација и опструкција на седницата. Имено, покрај редовните членови, во салата биле присутни и пензионери членови од ЗП Гази Баба кои не се членови на Собранието на СЗПМ и немаат право на глас. Овие лица, повикувајќи се на туѓи имиња од официјалниот список, лажно се претставувале со единствена цел – вештачки да се создаде привид за поголем кворум и да се дефокусира легитимниот процес за промени.

Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е единствената легитимна организација која ги застапува пензионерите согласно законот и статутот. Тие често ги карактеризираат притисоците и обвинувањата од разните иницијативни одбори како тенденциозни, нерегуларни, па дури и политички мотивирани обиди за уривање на легитимитетот на сојузот, порачувајќи дека нема да подлегнат на такви влијанија
