Новости
ЗП Охрид и Дебрца, Средба со Лазе Танески, пратеник во Собранието на РСM
Соработката секогаш дава резултати
На 11.2.2021 година Лазе Танески од Охрид, пратеник во Собранието на РС Македонија го посети ЗП Охрид и Дебрца и оствари работна средба со претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров.
На средбата се дискутираше за доставената иницијатива за измена и дополнување на член 105 од Законот за здруженија и фондации која е поднесена до Собранието на РС Македонија од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
Пратеникот искажа разбирање и спремност со заложба да ја поддржи иницијативата за измена и дополнување на законот со која постојните домови на пензионерите да преминат во сопственост на сегашните здруженија.
Пратеникот беше запознаен и со други преземени мерки и активности во ЗП Охрид и Дебрца преку давање помош од заштитни средства, маски, облека, храна и друго на болните, изнемоштени, осамени и пензионери со ниски пензии, со нивна достава преку волонтери на Црвениот крст и во соработка со кризните штабови во општините Охрид и Дебрца, во состојба и услови на пандемија од корона вирусот Ковид 19. Договорено е вакви средби да има и во иднина.
Комисија за информирање
