Новости
Соопштение за пензионерите кои до сега примаа пензии преку Еуростандард Банка
Заради големиот интерес на корисниците на пензија членови на здруженијата на пензионери како ќе продолжи исплатата на пензиите кои до сега се исплатуваа преку Еуростандард Банка, го даваме следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
По добиената информација од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, ги известуваме корисниците на пензија дека Фондот до банките кои вршат исплата на пензии ги има доставено потребните податоците за сите пензионери на кои до сега им се исплатуваше пензијата преку Еуростандард Банка.
Пензионерот со лична карта ќе избере банка во која ќе сака во иднина да му се исплатува пензијата, без да оди и бара потврда од Фондот.
Поднесување на барање до банката за отворање на трансакциска сметка пензионерот е должен да го поднесе, најдоцна до 21 август 2020 година, како би можело да обезбеди и понатаму редовна исплата на пензијата.
Претседател на СЗПМ
Станка Трајкова
