За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на воените пензионери на Република Македонија формирано е на 10-ти декември 1992 година како непрофитна, невладина и непартиска организација. Според Статутот, органи на ЗВП се: - Собрание; - Извршен одбор и Надзорен одбор, со претседател, секретар и референт за МФ работење. Организацијата и функционирањето на Здружението е регулирано со Статут , Програма за работа, Финансиски план , Одлука за финансирање на органите, телата и дејностите на здружението , планови за работа на органите и телата на здружението и Одлуки на Извршниот Одбор со кои се регулира извршувањето на планираните задачи и активности.

Во Здружението функционираат: - 2 огранока (Аеродром и Центар); - Актив на пензионерки; Комисија за социјална и здравствена заштита; - Комисија за КЗ дејност и - Комисија за спорт и рекреација.

ЗВП на РМ е членка на СЗП на град Скопје и на СЗП на Македонија. ЗВП е збратимено со ЗП Куманово и има успешна соработка со повеќето здруженија во градот и Републиката.

Воените пензионери, поради специфичностите на својата професија, начинот на школување, заедничко работење и вкупното живеење, емотивно се меѓусебно поврзани, поради што потребата за нивно другарување и по заминувањето во пензија, преку разни културни, спортски, рекреативни и други заеднички активности е од огромно значење за таа доба од животот.

ЗВП претставува основна врска помеѓу АРМ и пензионираните воени старешини и субјект преку кој тие ја продолжуваат соработката со единиците и командите на АРМ.

ЗВП е меѓу најдобро организираните во секој поглед и со забележителни резултати во пензионерските културно-забавни ревии и спортски натпревари, и претставува субјект од поголемо значење во рамките на пензионерското организирање, носител на поголем број активности во СЗП на град Скопје и СЗПМ во целина . Со Статутот е регулирано членувањето во ЗВП , така што покрај воените пензионери од поранешната ЈНА , членови на ЗВП можат да бидат пензионираните старешини од АРМ и други структури од одбраната , семејни пензионери од напред наведените како и други граѓани – пензионери.

Цели и активности на ЗВП:

Во целокупното функционирање на Здружението, централно место зазема грижата за пензионерот, односно, обезбедување услови за здраво и достоинствено пензионерско живеење.

Со Статутот на Здружението се регулирани целите и дејностите на Здружението и тоа:

  • Посета на болни и немоќни пензионери, давање еднократна парична помош на лица со долготрајно и скапо лекување, како и на членови на кои им е таква помош неопходна поради претрпани лични и семејни несреќи и штети;
  • Организирање на хуманитарни акции од секаков вид;
  • Организирање на излети, пикници, посети и присуство на средби на пензионерите и други манифестации од рекреативен карактер во градот, Републиката и соседните држави;
  • Спроведување на спортски активности на членовите, во и меѓу ограноците и други здруженија и учество на Регионалните и Републичките спортски натпревари за пензионери;
  • Спроведување организиран културно – забавен живот со програми подготвени самостојно и во соработка со други здруженија и организации, како и со организирани посети на изложби, театарски, фестивалски и други културно-забавни програми и манифестации во градот и Републиката;
  • Подготовка и учество на Регионалните и Републичките ревии на песна, музика и игри на пензионери, со програми со кои значително се афирмиравме;
  • Учество во активности од областа на одбраната;
  • Одбележување на Денот на пензионерите , Денот на АРМ и други јавни манифестации во градот и Републиката;
  • Афирмација на ЗВП, со учество во активностите на сите полиња и со присуство во средствата на јавно информирање, особено – пензионерските.
 
  изработено од Medium 3