За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

Оперативна Програма
на ЗП Неготино за 2023 година

Целите и задачите на Здружението на пензионери произлегуваат од неговите надлежности,утврдени законот за здруженија на граѓани и фондации и Статутот на Здружението на пензионери Неготино- Неготино .
Со статутот на здружението се опфатени проблемите кои се однесуваат на пензионерите и нивните права и обврдки,со кои треба Извршниот одбор,собранието и останатите негови работни тела да се занимаваат.
Прашањата кои ќе бидат разгледувани на седниците на извршниот одбор, собранието и неговите тела, ќе бидат прашања и проблеми кои се во тесна врска со животот и работата на пензионерите.
Во текот на 2023 година меѓу поважните прашања што ќе се разгледуваат на седниците на Извршниот одбор ќе бидат:

1.Разгледување на анализа за работа на здружението и постигнатите резултати во 2023 год.

2.Донесување на Оперативна програма за работа на Извршниот одбор на Здружението за 2023 год.

3.Разгледување и усвојување на завршната сметка на здружението на пензионери Неготино за 2022год.

4.Разглевување и усвојување на предлог финансискиот план за 2023 год.

5.Анализа за приходите и расходите на Здружението за прибраните средства за првото полугодие 2023 год.

6.Анализа на приходите и расходите на средствата на здружението за второто полугодие од 2023 год.

7.Разгледување и усвојување на програмата на комисијата за спорт и рекреација при здружението.
Преку оваа програма ќе се настојува особено:
a)Пензионерите што помасовно да ги користат пензионерските домови за одмор и рекреација во Негорските бањи
б)Ќе превзема активности во врска со организирање на излети, екскурзии и посета на историски знаменитости во Републиката.
в)Ќе настојува пензионерите да земаат помасовно учество во Општинските спортски натпреварувања со цел да се изберат најдобрите спортисти кои ќе земат учество на регионалните,а потоа и на Републичките спортски натпревари.

8.Ќе се разгледува и усвојојува програмата на комисијата за “Културно забавен живот” на пензионерите. Членовите на оваа комисија заедно со лицата од стручната служба ќе се залагаат оваа програма целосно да се реализира.

9.На седницата на Извршниот одбор и на Собрание на здружението на пензионери ќе се рзгледува и освојува и програмата на клубот „Неготинијнаа” во кој членуваат наши пензионери.

10. Заради увид во работата на Извршниот одбор,собранието и неговите тела,на крајот на 2023година ќе се направи анализа за целокупното негово работење.

11.Ќе се продолжи со практиката пензионерите да бидат снабдени со дрва,испраќање на банско лекување,давање на еднократна помош за леување.

12.Инвестиционо одржување на објектите.
-Подрачните ограноци на пензионерите од Општината и давање неопходна помош во нивните активности.
-Здруженијат на пензионери од другите градови во Републиката,со цел користење на нивните искуства,мислења и размена на меѓусебни искуства.
-Фондот за ПИОМ, со цел за координирање активности во врска со решавање на проблемите на пензионерите.
-Локалната самоуправа,владини и невладини организации и други правни и физички лица, со цел помагање при решавање на проблеми на пензионерите.
-Сите пишани и електронски медиуми,со цел да се постигне поголема јавност за работењето на Здружението на пензионери.
За поуспешно реализирање на оваа програма,ќе се настојува да се соработува со сите членови на Извршниот одбор ,Собранието а посебно членовите на сите комисии.

 

Претседател на ЗП Неготино
Душко Недев

 
  изработено од Medium 3