| Здружение на пензионери Крива Паланка и  Ранковци Здружение на  пензионери Крива Паланка и Ранковци според податоците со кои располага  здружението формирано е во 1959 година, како  Подружница  Крива Паланка. Во тоа време  Подружницата броела само 160 членови – пензионери.  Овие  податоци се од декември месец 1959 година. Пред да биде формирана Подружницата  Крива Паланка , пензионерите биле организирани во здружението на пензионери во  Куманово.  Во текот на  повеќе годишното постоење здружението поминувало низ бурни моменти од своето  постоење и имало свои подеми и падови.  Во шеесеттите  години од минатиот век бил изграден Дом на пензионери со 9 соби и Клуб за дневен  престој на пензионери. Подоцна е направена замена и Домот е даден ба  Републичкиот фонд за пензиско инвалидско осигурување на Македонија, а за сметка  на тоа добиен е друг многу помал простор во зградата на ФПИОМ со бифе клуб и  канцеларија. Како што  минувало времето се менувале и раководствата на здружението. Прв претседател  на здружението бил Филип Филиповски, а претседател со најдолг стаж бил Славко  Стојановски, кој на оваа функција бил се до изборите во 2019 година, кога за  претседател на здружението е избран сегашниот претседател Трајча Давидовски. За време на  своето постоење здружението имало богати активности и е едно од најактивните  здруженија членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.   За тоа  сведочат голем број на признанија и пофалби добиени од СЗПМ и од други  институции и здруженија со кои соработува ЗП Крива Паланка и Ранковце. Посебно  заслужува да се истакне наградата од Општината, која здружението ја има добиено  во 2018 година по повод  Денот на  ослободувањето на Крива Паланка, 8 октомври. Како и сите  други здруженија членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и  ова здружение има свои органи и тела, како и свој Статут, а секоја година  донесува програма за работа и усвојува Извештај за работа и годишна сметка.  Со изборите во  2019 година , новоизбраното раководство е фокусирано главно да програмските  цели и задачи зацртани во програмата и на активности во интерес на членството.  Што е однесува  до финансиското работење, здружението средствата добиени од членарината се  обидува да им ги врати на пензионерите преку разни форми и активности.Соработката на здружението со општината и со Сојузот  на здруженија на пензионери на Македонија е на посакуваното ниво и учествува во  сите активност организирани од Сојузот и од градот. |