За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Според архивските податоци и Централниот регистар ЗП Струга, функционира од 20 септември 1946 година. Идејата за формирање на здружението била на неколкумина интелектуалци од Струга.

Во првите години на формирањето здружението делувало согласно Законот за пензиско-инвалидско здравствено и социјално осигурување. Подоцна бил донесен и првиот Статут на здружението и другите правни акти, а во 2010 година, пререгистрирано согласно Законот за здруженија и фондации. Денес ЗП Струга брои 4.452 членови.

Ова здружение е едно од неколкуте со мешана меѓуетничка припадност бидејќи,во него членуваат Македонци, Албанци, Власи, Роми и пензионери од други етнички заедници,и е за пример како тие заеднички деполитизирано делуваат во сите сфери на живеење и работење преку органите на здружението. ЗП Струга од ноември 2012 година, делува самостојно, бидејќи во тој период 380 пензионери од Вевчани се одвоија од струшкото здружение и формираа свое Општинско здружение на пензионери Вевчани. ЗП Струга е организирано на територијален принцип со 10 Месни ограноци.

Според Статутот здружението на ЗП Струга сега го сочинуваат: Собрание од 35 члена, како највисок орган на здружението , потоа, Извршен одбор од 13 члена, а по три членови имаат Надзорениот одор, Комисијата за статут и правни работи, Актив на пензионерки, Комисија за здравствена и социјална заштита, Комисија за спорт и рекреација, и Комисијата за културно забавен живот.

Струшкото здружение на пензионерите е меѓу ретките здруженија во Републикава кои го имаат решено просторното прашање со функционални и добро опремени простории за работа, има засебна сала за состаноци на Извршниот одбор и Комисиите, а располага и со Клуб на пензионери во кој дневно по стотина пензионери го минуваат времето во играње на сите салонски игри.

Пензионерите од Струга имаат и плодна соработка со Локалната самоуправа со СЗБ од НОВ, со повеќе ЗП од Југо-западниот регион и со други институции, јавни претпријатија, граѓански фондации,и невладини организации, а со општинскиот Црвен крст на Струга имаат потпишано и Меморандум за соработка. Здружението на Струга е збратиено со ЗП Крушево. Особена активност во своето 74-годишно успешно функционирање ЗП Струга има постигнато во изминатите десетина години, а како резултат на актуелното раководство на здружението, а особено со умешноста и стручноста во раководешето на актуелниот претседател на Здружението и на Извршиот оддбор претседателот Милорад Трпоски.

За својата успешна активност во седумдесетгодишното постоење, ЗП Струга има добиено бројни, признанија, благодарници, пофалници, а на спортски план, златни, сребрени и бронзени медали,како и други значајни награди на локално ниво и од СЗПМ. СЗ Струга има одлична соработка со матичната организација СЗПМ.
 
  изработено од Medium 3