За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ – КРУШЕВО
Улица Илинденска, ББ
Телефон: 048-477-107
Меил: ZP-krusevo@hotmail.com

Здружението на пензионерите – Крушево е самостојна, независна, невладина, непартиска и мултиетничка организација на слободно здружени корисници (старосни, семејни и инвалидски) пензионери од општината Крушево.
Здружението дејствува во интерес на остварување и унапредување на заедничките цели и интереси на сите корисници на пензија во Општината, ги штити стекнатите права од пензиското и инвалидското осигурување и се залага за поквалитетна здравствена заштита.

Здружението работи согласно Уставот, Законите, Статутот на Здружението и Статутот на СЗПМ. Здружението ги унапредува културните, спортските и хуманитарните активности на пензионерите и учествува во организираните спортски натпревари на ниво на Регион и на ниво на Сојуз, како и учествува на манифестацијата на песна, музика и игри. Здружението соработува и со други здруженија и невладини организации во Општината и пошироко.

Здружението на пензионерите има својство на правно лице од 20.10.1998 година и истото е регистрирано при Централниот регистар на РМ согласно Законот за здруженија и фондации. ЗП – Крушево е членка за СЗПМ
Здружението брои околу 1.600 корисници на пензија.

Здружението располага и е сопственик на Пензионерскиот дом во кој е сместен и Пензионерскиот клуб.

 
  изработено од Medium 3