За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери од Општината Бутел иницијално беше регистрирано под име „Нов живот“ а во октомври 2013 година извршена е пререгистрација со ново име: Здружението на пензионери од Општината Бутел.

Како резултат на активното и успешното работење на здружението во изминатиот период забележан е позитивен тренд на пораст на бројката на пензионери членови на здружението и вредно е да се забележи дека моментално членуваат околу 6,500 пензионери организирани во 8 ограноци: Скопје Север, Бутел 2, Живко Брајковски, Радишани, Љубанци , Св. Климент Охридски, Визбегово и Чучер Сандево  а во функција се 5 клуба на пензионери во ограноците на Скопје Север, Бутел 2, Живко Брајковски,  Село Љубанци, Радишани и Св. Климент Охридски.

Клубовите се отворени благодарение на одличната соработка со локалната самоуправа односно со Општината Бутел, која ги помага сите активности на најстарите жители од подрачјето на Општина Бутел. Во овие Клубови пензионерите се дружат, играат шах, читаат весници, книги но и се подготвуваат за спортските натпревари на сите нивоа: локални, регионални и републички. Исто така, таму се подготвуваат и за учество на Ревиите на песна, музика и игри и се договараат за реализирање на разни активности од Програмата. 

Во Здружението на пензионери од Општината Бутел активно и со успех работи и Активот на пензионерки особено на културен и хуманитарен план.

 
  изработено од Medium 3