За нас Организација Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружение на пензионери Злетово од Злетово формирано е на 26-10-1998 год. од иницијативен одбор во кој членувале како најистакнати: Радослав Михајлов, Атанас Митев, Ѓорги Димитров, Драган Гичев и други. Инаку пензионерите од Злетово претходно биле огранок на Здружението на Пробиштип. На 26-10-1999 год. свикан е собир на пензионерите на кој собир е избрано собрание. На собранието истиот ден, е избрано претседател, секретар и благајник, како и работни тела. За прв претседателе е избран Радослав Михајлов, а за секретар Атанас Митев. Овој состав функционира неполни два мандати односно до 2005 год. На изборите во 2005 год. за претседател е избрана Данка Јосифова, а за секретар Страхил Мијалчев. За време на мандатот на Данка Јосифова направен е елаборат и се започнува изградбата на пензионерскиот објект. Овој објект е започнат со изградба со сопствени средства и донации, и највеќе со работна рака на Злетовските пензионери кои немајќи каде да го поминуваат слободно време доброволно и со голема желба учествуваат во неговата изградба. По неполн мандат на претседателката, за нов претсеател е избран Страхил Мијалчев, за секретар Трајан Попов, а за книговодител е избрана Станка Тасева. Во 2010 год. се направени редовни избори на кои е избрано собрание од 17 членови, а за претседател е избран Трајан Пецовски, за секретар Трајан Попов, и за книговодител е поставена Станка Тасева. Оваа тело функционира со свои комиси и тоа: комисија за надзор, комисија за спорт, комисија за култура и друго. ЗП Злетово се состои од пет ограноци: Древено, Ратавици, Рудари, Лесново и Злетово.

Во 2017 год. на годишното собрание за в.д. претседател е избран делегатот во СЗПМ Димитар Милосов, а за секретар е избран Никола Ангеловски.

На редовните избори во 2019 год. собранието го избира Димиар Милосов за претседател на Извршниот одбор и на ЗП Злетово. За неговата работа зборуваат направените дела. Здружението учествува на сите спортски регионални натпревари, музички ревии од регионален карактер, а посебно за истакнува е учеството на Републичките натпревари. Се изведуваат и еднодневни екскурзии. Здружението се грижи и за здравјето на своето членство, а една од најбитните активности е снабдувањето со огревно дрво на сите заинтересирани пензионери.

zletovo

 
  изработено од Medium 3