За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

ЗП Лабуништа согласно Законот за фондации и здруженија на граѓани, а според податоците на Регионалниот централен регистар од Охрид е формирано во 1998 година. Пред тоа пензионерите од ова здружение членуваа во ЗП Струга, од каде се издвоија и формираа свое здружение. Иницијатори за формирање на здружението според сеќавања на постарите пензионери, биле активистите: Назив Имероски, Рамиз Ќазимоски, Дилавер Шаќироски, Билал Максудоски, Нихад Салоски, Невзад Мустафовски, Шеврит Демироски, Сафет Салоски, Фејзула Фејзулоски, Спасе Мариноски, Есад Авмедоски, Саид Сефиданоски и други.

Здружението на Лабуништа е организирано врз територијален принцип според кој во него членуваат три Месни ограноци и ги опфаќа селата: Бороец, Подгорци и Лабуништа, каде се наоѓа и седиштето на ова здружение. Инаку, ЗП Лабуништа брои околу 700 членови, од разни националности. Највисок орган на здружението е Собранието со 21 член, Извршен одбор од 9 члена на кој претседател е Лутви Ќазимоски, Надзорен одбор на кој претседател е Дилавер Шаќироски, а во рамките на здружението делуваат и Статутарно-правна комисија со претседател Спасе Мариноски, Комисија за спорт и рекреација со по три члена, а технички секретар е Лутвија Салоски. Преставник од ЗП Лабуништа во Собранието на СЗПМ е долгогодишнот активист-пензионер од ова здружение е Рамиз Ќазимоски. ЗП Лабуништа е меѓу ретките здруженија во Републикава кое има свој Дом на пензионери изграден акцијашки со сопствени средства и со помош од пензионери и жители од селото, времено вработени во странство. Секако најголема донација за изградбата на Домот на пензионерите има дадено СЗПМ.

Изградбата на Домот започнала во 1998 година, а завршила една година подоцна односно во 2000-та година. Домот кој е современо опремен, располага со административни простории, просторија за состаноци на организациите и телата, бифе, и други неопходни просторни услови за нормално работење.

Инаку, ЗП Лабуништа има воспоставено добра соработка со ЗП Струга, Вевчани, Дебар, Охрид и Дебрца и другите здруженија од западниот дел од Републикава. Секако соработува и со невладини организации и здруженија од Струга, и со други здруженија од Републикава, но многу значајна е соработката со СЗПМ.

Здружението за својата активност има добиено повеќе награди и признанија, а секако најзначајна му е признанието од СЗПМ, по повод јубилејот 70 години од пензионерското организирање во Македонија. Здружението по овој повод доби Признание за особен придонес во развојот на СЗПМ, а неговиот делегат во Собранието на СЗПМ Рамиз Ќазимоски, доби плакета.

 
  изработено од Medium 3