За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

П Р О Г Р А М А
за работа на Здружението на општина Чаир за 2023 година

Целите зацртани во Статутот на Здружението ќе се остваруваат со организиорање на културни, хуманитарни, здравствени, рекреативни и информативни активности.Особено внимание ќе се посвети на хуманитарната дејност, како и давање на сестрана помош на пензионерите за остварување на правата за здравствена и социјална заштита,како и подобрување на материјалната состојба.Транспарентноста во работата на органите и телата на Здружението ќе се остварува во континуитет преку разните форми на информирање.Соработката со СЗПМ,СЗП на град Скопје, ФПИОМ и општината ќе продолжи, по можност за уште подобри резултати, особено со општината.
Привлекувањето на што поголем број на пензионери за сите активности останува обврска на сите членови на органите и телата на Здружението.Содржините во Програмата ќе бидат нотирани како условите за работа да се нормални, како на здравствен, така и на економско-општествен план.
Активностите ќе се одвиваат како што е наведено во понатамошниот текст на Програмата, и тоа:

1.Собранието ќе заседава најмалку два пати годишно,а по потреба и повеќе

2. Извршниот одбор ќе заседава по потреба и ќе ги разгледува сите прашања значајни за Здружението.Навремено ќе носи одлуки по секое прашање актуелно за пензионерите и органите,за унапредување на работата на Здружението.
Ќе ги организира и спроведе изборите за мандатниот период  2023-2027 год.

3.Надзорниот одбор ќе се состанува по потреба и редовно ќе го следи материјалното и финансиско работење на Здружението.

4.Хуманитарните активности како што се :
- доделување еднократна парична помош на 125 пензионери, најзагрозена категорија чии примања не надминуваат 14.000,00 денари за еден пензионер и 22.000,00 денари за двајца пензионери, односно брачен пар ;
- пензионери со нарушена здравствена состојба од тешки болести,лежење во болница,скапи лекарства и сл.
- бањско лекување или санаториум за лекување на тешки заболувања,редовно ќе бидат опфатени со парична помош.
За остварување на горе наведените активности треба да се измени Одлуката за доделување еднократна парична помош.
На полето на хуманоста ќе се продлабочи соработката со Црвениот крст и други асоцијации и организации.

5. Активностите на спортско-рекреативен план ќе бидат следните:
- доекипирање со натпреварувачи на екипите и поединечните спортски дисциплини, како би учествувале на Регионалните и Републичките спортски
натпревари на пензионерите во повеќе дисциплини;
- навремено започнување со тренинзите во сите дисциплини;
- учество на 27-те Регионални и Републички спортски натпревари на пензионерите;
- учество на 13-ет Ноемврискиот шаховски турнир во организација на СЗП на град Скопје;
- учество на други натпревари организирани од други Здруженија на пензионери,доколку бидеме поканети;
- организирање на селективни натпревари во рамките на Здружението за избирање на најдобри натпреварувачи заради подигнување на квалитетот и
- организирање на традиционалниот Октомвриски шаховски турнир со поканување на пет здруженија од градот Скопје.

6. Организирањето на културно-забавниот живот на пензионерите ќе се одвива преку следните содржини:
- пополнување на пејачките групи(македонска и албанска) со проверени гласовни можности ;
-  подготовка (вежбање) на пејачките состави ;
- формирање пејачка група од помал формат,мешан етнички состав за настапување таму каде се бара помал број на пејачи;
- учество на 21-та ревија на песни, музика и игри на IV регион;
- учество на 13-та Републичка ревија на песни, музика и игри(доколку бидеме избрани) и учество на други манифестации организирани од СЗПМ и други организации;
- присуство на муилтиетничката средба на пензионерите во Тетово;
- изнаоѓање музичко-инструментален состав за пратење на пејачките состави;
- посета на театарски претстави и
- читање на литературни творби од наши и надворешни поети.

7. Рекреативниот живот ќе се подржи со организирање на четири екскурзии.Две редовни еднодневни екскурзии во нашата држава,една еднодневна во странство,во некоја од соседните држави и една еднодневна наградна екскурзија со спортистите и пејачките состави.Секоја екскурзија ќе биде покриена со доктор по општа медицина.
Превозот ќе се обави со туристичката агенција„Бисер Пром“, а ќе ги користиме и поволностите од градот Скопје,доколку и понатаму се одобри поволноста на бесплатен автобуски превоз, тоа ќе биде посебна четврта екскурзија.

8. Здравството, здравствената и социјалната  заштита пред се ќе бидат покриени,актуелизирани и решавани со ангажирање на Комисијата за здравство.За системските прашања од областа на здравствената и социјалната заштита покренати од органите на СЗПМ ќе даваме целосна подршка.
Од страна на Комисијата ќе има ангажираност по следните прашања:
- мерење на крвен притисок;
- мерење на шеќер во крвта
- организирање предавања од областа на медицината за рано откривање на симптомите за болести карактеристични за стари лица и начинот на превенирање.
- разгледување на барањата од пензионерите со предлог за доделување на еднократна парична помош во 2023 година;
- повремено разгледување на барања од пензионери за парична помош по основ на разни потешки заболувања и бањско лекување;
- по потреба посета на болни пензионери по домовите и давање совети за терапијата и развојот на болеста.

9. Статутарната комисија ќе се состанува по потреба и ќе ги разгледува прашањата од нејзина надлежност.

10. Активот на пензионерки вниманието ќе го насочи кон негово мултиетничко омасовување, како би можеле да ги реализираат наведените активности,како следат:
- учество на дел од пензионерките во подготовките на хорот и настап на Регионалната ревија на песни, музика и игри;
- учество во подготовкитре на спортските активности и настап на Регионалните и Републичките натпревари на пензионерите;
- одржување на работилници и едукативни предавања со учество на  компетентни лица за здравјето и животот на лица од третото доба;
- посета на изнемоштени и болни пензионери во домовите„Лика Чопова“ ,     „Идила“ и пошироко;
- соработка со Црвениот крст и невладината организација „Доминиум“;
- хуманитарна помош во облека и храна за пензионери на кои им е потребно;
- соработка со други Активи од градот и пошироко;
- организирање викенди, еднодневни екскурзии, посета на културни манифест. и др.

11. Формирање на четврти огранок на Здружението со пензионерите од населбата Чаир, така што ќе се олесни работата на пензионерите во оваа населба.

12. Решавање на просторните потреби на ограноците,со отварање на уште три клуба на пензионери.Ова прашање ќе се решава во соработка со општината Чаир.

13. Сите организациони и административни работи ќе се обавуваат навремено и квалитетно.За овие активности одговорни се Претседателот и Секретарот на Здружението со давање помош од членовите на органите и телата.
Посебен акцент ќе дадат на изборите по ограноци.
Активностите по ограноци ќе бидат реализирани од Претседателот и Секретарот на огранокот.

14. Пописот на материјално-техничките средства ќе се изврши на време, во законски рок од привремена комисија за попис ,формирана од Извршен одбор.

15. Неодминлива програмска активност-информирањето на пензионерите.
Истото ќе се остварува преку разни форми на информирање и тоа:преку соопштенија,навремено доставување на весниците„Пензионер плус“ и „Коха“ и
непосредни контакти се со цел да имаме транспарентно работење.Во реализацијата на оваа активност значајно место имаат раководствата на ограноците.
Остварување на оваа програма бара ангажирање на сите членови на органите и телата на Здружението.

Декември, 2022 год.
Скопје
Собрание на ЗП на општина Чаир
П р е т с е д а т е л,
Рауф Хамиди

 
  изработено од Medium 3