Сместување во старски и пензионерски домови
Во Програмата за работа на СЗПМ, во 11 точка е утврдена програмска задача за следење и ангажирање во изградба на старски и пензионерски домови, дневни центри и сервиси и пензионерски клубови
Во Програмата за работа на СЗПМ, во 11 точка е утврдена програмска задача за следење и ангажирање во изградба на старски и пензионерски домови, дневни центри и сервиси и пензионерски клубови
324.000 пензионери ќе земат пензии повисоки за 722 денари, изјави денеска заменичката на претседателот на Владата, Мила Царовска и додаде дека зголемувањето се прави откако е стабилизиран пензискиот систем и за една година е намален дефицитот за над 3,7 милијарди денари.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, врз основа на Заклучокот од Третата седница на Владата на Република Северна Македонија бр.44-178/1 од 14.01.2020 година, ги повикува заинтересираните лица – корисници на пензија, да се јават за користење на услугата бањско – климатска рекреација
Укинати се квотите за лекови, а унапредени се и здравствените услови за пензионерите. Од следната година пензионерите просечно ќе добијат 10.000 денари повеќе или околу 850 денари месечно поголема пензија
Потпишан договор за соработка помеѓу СН Осигурителен брокер како давател на услугата, Фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
На 25 ноември 2019 година во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија беше потпишан договор за соработка меѓу СН Осигурителен брокер АД Битола како давател на услугата, Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се сретнаа со делегација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија,
Интервју со директорот на ФПИОСМ Шаип Зенељи
Вo гoдинaтa кoгa Сojузoт нa здружeниjaтa нa пeнзиoнeритe нa Maкeдoниja гo oдбeлeжувaше свojoт гoлeм jубилej 70 гoдини oд пeнзиoнeрскoтo oргaнизирaњe вo Maкeдoниja, Сojузoт гo дoби нajпoсaкувaниoт пoдaрoк oд држaвaтa, рaбoтни прoстoрии вo кoи ќe сe oдвивaaт нaшитe aктивнoсти.
Обележување на Неделата за стари лица
Во рамките на одбележувањето на „Неделата за стари лица“ во организација на Црвениот крст на Македонија се одржа панел-дискусија на темa: „Здраво стареење и социјални сервиси за стари лица“
Заедничка прес-конференција на министерката на МТСП Мила Царовска, директорот на Фондот на ПИО Шаип Зенељи и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување Шаип Зенељи и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова на заедничка прес-конференција во Владата го најавија новото зголемување на пензиите проектирано со Буџетот за 2020 година, кое ќе стартува со исплатата на јануарската пензија
Една од основните цели на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија е редовна исплата на пензиите и нивно тековно усогласување
ЗП Центар - 65 годишно успешно опстојување
На 15 октомври 2019 година со свечена седница во просторијата на ЗП Центар имаше достоинствено одбележување на 65 години се на едно од најстарите здруженија во Скопје, но и пошироко, членка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија
Едно од позначајните прашања во пензискиот систем е усогласување на пензиите што има за цел одржување на реалната вредност на пензијата, а со тоа и зачувување на материјалната и социјалната сигурност на корисниците на пензија.
Денот на пензионерите на Македонија секоја година се одбележува со Републичка пензионерска спортска олимпијада на која учествуваат пензионери спортисти од речиси сите здруженија на пензионери членки на Сојузот
Годинава за прв пат, по повод 20 септември-Денот на пензионерите на Македонија, беа доделени Благодарници за хуманитарни активности поврзани со подобрување на стандардот на пензионерите
ЗП ПРИЛЕП
Дека е едно од најактивните здруженија на пензионерите членки на СЗПМ, прилепското здружение досега има докажано на повеќе наврати и во повеќе области.
Пензионерот Веле Коцески од Тетово
Веле Коцески од Тетово веќе шест години како ги минува пензионерските денови, но во ниеден момент не се откажал од литературното творештво.
ЗП ВАЛАНДОВО
Во рамките на Програмата за одбележување на 35 годишнината од формирањето на ЗП Валандово, а по предлог на Комисијата за Културно – забавен живот, Извршниот одбор на ЗП Валандово одлучи да ја реализира манифестацијата „Месење и сукање на традиционални старински баници и печење под вршник“ заедно со локалната самоуправа
ЗП ВЕВЧАНИ
Во просториите на Куќата на Робевци во Охрид, на 7 јуни 2019 година, беше отворена изложба на уметнички фотографии од Анастас Ќушкоски член на ЗП Вевчани на тема „Митско - библиски асоцијации“ за кои зборуваше писателот Славе Ѓорго Димоски