За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери на Општина Виница  работи на територијата на Општина Виница и брои околу 3190 пензионери. Здружението на пензионери од Општина Виница на територијата на Општината дејствува преку организирање на 8 Ограноци. Ограноците се организираат за подрачјето на една или повеќе месни заедници или населени места кои претставуваат една целина во подрачна смисла. Ограноците работат преку собири на ограноци, секој огранок има претседател на огранокот кој е врската со Здружението на пензионери.
Здружението делува на делегатски принцип. Органи на Здружението се:
Собрание на здружението кое брои 23 делегати, Извршен одбор од 11 делегати со  Претседателот на ИО, кој е и претседател на Здружението. Здружението има Надзорен одбор, комисија за статут, комисија за попис, комисија за економија, за културно забавен живот, комисија за спорт, комисија за здравство, актив на жени.
Од 28.03.2023 год , на редовните избори за делегати, за прв пат е избран претседател на Здружението на пензионери-жена претседател Павлинка Ангеловска.
Главна задача на новоизбраните тела  е пензионерите да имаат активно стареење. Членовите на Здружението користат бањско-климатско лекување во установите Цар Самуил, с. Банско-Струмица, и Негорски Бањи-Негорци, со кои ЗП има склучено договор за меѓусебна соработка  и пензионерите користат 10% попуст во текот на цела година, а здружението им обезбедува можност за плаќање на рати. По повод Новогодишните и Божиќните празници, секоја година Здружението обезбедува солидарни пакети од прехранбени производи за најранливите категории и еднократна социјална помош на пензионери со ниски примања за лекување и лекови.
Здружението ја организира манифестацијата од Републички карактер Томина Недела, по повод Велигденските празници. Здружението е активно и на полето на културно забавниот живот, преку музичките ревии, Истибанско здраво живо-во соработка со Фолклорната група од Истибања. Во 2019 год , ЗП со ЗП Гази Баба од Скопје  зеде учество на Меѓународниот Фестивал на третата доба во Љубљана каде имаше успешен настап со ветераните –пензионери со ансамблот ,,Китка“, од Истибања. Здружението е активно и на полето на спортски активности со учество на Регионални и Републички спортски игри. Оваа 2023 год , спортистите освоија 2 први места на Регионалните спортски игри во Делчево.
Во наредниот период, нашите заложби ќе бидат на измени и дополнувања на Статутот на Здружението, во план е решавање  на сопственоста на Пензионерскиот дом, како и заложба за подобрување на финансиската состојба на Здружението.

 
  изработено од Medium 3