Здружение на пензионери на општина Ново Село формирано е на 18.12.1997 година со 800 пензионери. Од самото формирање до денес функционира како самостоен субјект, кој редовно учествува во сите активности организирани од СЗПМ. Здружението практикува посетување на болни и изнемоштени членови, организира екскурзии до одредени места, учествува во спортски натпревари и фолклорни ревии организирани од СЗПМ и друго. Има отворено клубови на пензионери во Сушица, Мокриево и Смолари. Во ЗП Ново Село членуваат пензионери од Сушица, Зубово, Колешино, Борисово, Мокриево, Мокрино, Смолари, Дражево, Старо Коњарево, Ново Коњарево и Самоилово организирани во 12 ограноци. Здружението има Собрание од 23 членови на кое претседател на Извршен одбор е Ристо Глигоровски. Здружението има Извршен одбор составено од 9 членови и Надзорен одбор од 3 членови. Во него функционираат 7 комисии.
Здружението има изградено пензионерски дом во кој има и пензионерски клуб и деловни канцеларии за раководството и стручната служба.
Досега претседатели биле: Љубин Љачев, Никола Калпачки, Илија Ковачев, а сега Претседател на ЗП Ново Село е Стојан Цветанов.
Во ЗП Ново село постојат 12 ограноци.
|