Здружението на пензионери "Гази баба "- Скопје е едно од побројните здруженија во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, и брои над 11.000 пензионери.
Здружението е формирано на 12-12-1972 година и се наоѓа на ул.Јани Лукроски бр. 3 во Скопје.
Здружението е составено од членови на старосни и семејни пензионери, од подрачјето на 4 (четири) општини: Гази баба, Петровец, Илинден и Арачиново, како и сопружници на пензионери кои не се пензионери, а се членови на здружението. Здружението на пензионери "Гази баба " служи за пример на другите здруженија според своите активности на сите полиња на делување. Сите тиа активности се одвиваат во 14 (четиринаесет) ограноци, како и во клубовите на ограноците кои ги имаме скоро во сите ограноци.
Во здружението на пензионер "Гази баба" активно работи и активот на пензионерки, КУД „Пензионер“, хорот и др.
Здружението има свои тела, органи и комисии согласно Статутот на здружението. Собрание брои 33 членови, а Извршен Одбор 14 членови. Во Здружението постојат следните комисии и тела: комисија са надзор, комисија за Статут, како и други комиси кои се ангажираат во разни области од интерес на пензионерите членови на здружението. Здружението активно учествува на сите културни и спортски манифестации на регионално и државно ниво, каде постигнува забележителни резултати. Информирањето на членството е на висина, а масовноста исто така.
Ваквите активности на здружението ќе продолжат и во иднина, благодарение на ангажираноста на раководството, на членството, на соработката со Сојузот на Здруженија на Македонија и со локалната самоуправа.
|