Инфо  

Одредени се здруженијата што ќе го претставуваат СЗПМ во 2025 година на Фестивалот за трета возраст во Словенија

12.6.2025 Ве известуваме дека за учество на Меѓународниот фестивал „Трета доба“ во Љубљана во 2025 година, ќе учествуваат ЗП Куманово и ЗП Крива Паланка.

Мислење од независен ревизор за работата на СЗПМ во 2024 година

5.6.2025 Според наше мислење, финансиските извештаи ја прикажуваат реално и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската позиција на СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА на 31 декември, 2024 година, како и финансискиот резултат за годината што тогаш завршува, во согласност со македонската сметководствената регулатива што се применува, Законот за сметководство на непрофитните организации и Правилникот за непрофитни организации.

Финансиски извештај за 2024

5.6.2025 Заради транспарентност и јавност во работата го објавуваме повторно финансискиот извештај на СЗПМ за 2024 година

Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво

3.6.2025 ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2025 година на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Заедничка седница на извршните одбори на САПЕНС и на СЗПМ

Меѓународната соработка на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија во подем

1.6.2025 На 18 мај 2025 година во убавиот Охрид, согласно со Меморандумот за соработка потпишан минатат година во Белград, помеѓу Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) и Сојузот на пензионерите на Србија (САПЕНС), се одржа заедничка работна седница на нивните извршни одбори. Според договорот, заедничката седница имаше два дела.

Еколошки активности на пензионерите

23.5.2025 СЗПМ годината 2025 ја прогласи за година на еколошки пензионерски активности грижа за животната средина. Поголем број здруженија на пензионери членки на Сојузот се вклучија и во најголемиот еко-проект во нашата земја „Генералка викенд 2025“ организиран од Men end Maunten DOO.
Нов проект на СЗПМ во интерес на пензионерите

Физикална терапија и медицинска рехабилитација по поволни услови

6.5.2025 На 4.04.2025 година во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија се одржа средба со Прим. Д-р Василка Поповска, сопственичка на ПЗУ Специјалистичка ординација за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Д-Р Васка” Скопје
Страници на здруженија

Галерии

 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3