Во Здружението на пензионери Илинден, членуваат доброволно здружени граѓани – пензионери од подрачјето на Општина Илинден и тоа: старосни, инвалидски, семејни и земјоделски. Формирано е на оснивачко Собрание одржано на 15 декември 2010 година. Оснивачи на Здружението на пензионери Илинден се:
- Владимир Јовановски
- Војче Гоѓиевски
- Велко Цветковски
- Љубомир Ивановски
- Никола Анѓеловски
Целта на здружувањето е заштита и остварување на правата од пензиско – инвалидското осигурување, здравствена заштита, како и задоволување на социјалните, културните, спортските и другите потреби на членовите. Здружението е самостојно во организирањето и дејствувањето на своите цели, а работи според својот Статут и други општи акти.
Здужението има четири ограноци и тоа: Илинден, Кадино, Марино и Миладиновци во кои функционираат Клубови на пензионери, каде членовите читаат весници, играат шах, се дружат, се забавуваат и се подготвуваат за Ревиите на песна, мусика и игри и Спортските пензионерски натпревари на општинско, регионално и републичко ниво.
Здружение на пензионери Илинден брои околу 2 250 пензионери.
|