Здружението на пензионери на општина Гевгелија било формирано 1971 година како околиско здружение бидејќи во него биле опфатени пензионерите од сите населени места на поранешната Гевгелиска околија. Од 1998 година од Здружението се издвоиле ограноците во Богданци и Дојран и од тогаш функционираат како посебни Здруженија на пензионери.
Прв претседател на Здружението бил Миле Xотев. По него претседателската функција ја извршувале: Сотир Почков, Ристо Бутров, Ристо Димитров, Никола Митров – Роман, Ангел Поп-Ристов, Љупчо Ашиков, Драгица Јовановиќ, Ристо Танелов и Лена Семенаков, актуелен претседател.
Здружението на пензионери Гевгелија брои 3 888 членови заклучно со 30.04.2017 година. Собранието на Здружението брои 27 членови, Извршниот одбор 11, Надзорниот одбор 3, Комисиите за Статутарни и правни прашања 3 члена, Комисија за Здравство и социјална грижа 3 члена, Комисија за станбен и деловен простор 3 члена, Комисија за култура 3 члена, Комисија за спорт и рекреација 3 члена. На Активот на пензионерки претседател е Вита Кочева, а потпретседател Мирјана Таневска. Сметководител и административен работник на ЗП Гевгелија е Мирјана Карајанова, а благајник и координатор за екскурзии Петар Јованов. Во состав на Здружението постои пејачка група ,,Сава Михајлов“, која брои 14 членови.
ЗП Гевгелија располага со 5 клубови за пензионерите по населените места, ресторан во Гевгелија, сопствени простории- канцеларии и Викенд куќа на ,,Смрдлива вода“, како и два Пензионерски дома со 22 станови. За целиот имот обезбедени се имотни листови во вкупен износ од 14 334 986.оо денари. Здружението располага и со земјиште сопственост на РМ, кое се наоѓа на ул. ,,Маршал Тито“ бр.137 со вкупна површина од 450 м2.
ЗП се финансира од членарината, од наемнина од становите и деловниот простор, од Викенд куќата во „Смрдлива вода“, како и од донации од поединци, фирми и од Општина Гевгелија со кои Здружението има склучено Договор за меѓусебна соработка.
ЗП Гевгелија работи по Програма за работа донесена на крајот од годината за наредната година, како и според Финансиски план, исто така, усвоен кон крајот на годината за наредната година.
Здружение на пензионери на општина Гевгелија
Карајанова Мирјана
|