За нас Статут на СЗПМ Организација на СЗПМ Здруженија Програма на СЗПМ
 
 
  За нас   

Контакт

Сојуз на здруженијата на пензионерите на Македонија
ул. 12 Ударна бригада бр.2
Работнички дом
1000 Скопје
Македонија
тел. 3223 710
факс 3128 390
п.фах 440
e-mail: kontakt@szpm.org.mk

Kontakt

Sojuz na zdruzenijata na penzionerite na Makedonija
ul. 12 Udarna brigada br.2
Rabotnicki dom
1000 Skopje
Makedonija
phone. + 389 2 3223 710
faks . + 389 2 3128 390
p.fah 440
e-mail: kontakt@szpm.org.mk

СЗПМ го одбележува 20 септември како Ден на пензионерите на Македонија во знак на донесувањето на првиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување во далечната 1946 година, кога беа пензионирани првите работници , со што се формира организацијата на македонските пензионери како колективен член на единствените синдикати во Македонија.

http://www.szpm.org.mk/images/penzioneri.jpg

Во 1947 година биле евидентирани околу 5оо пензионери, во 1960 година тој број е зголемен на 15.321, десет години подоцна 51.537, во 1980-84.948, во 1990-166.224 и во 2000 година 241.221 пензионер. Веќе во 2005 година бројот на пензионерите во нашата земја се зголеми на 272.740,  во 2010 тој изнесува околу 280.000, од кои 225.000  се членови на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

СЗПМ е асоцијација на 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени во Сојузот заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во Република Македонија, за поцелосно и единствено залагање за остварување на  правата од пензиско и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите. За остварување на овие заеднички права на здруженијата-членки на Сојузот, СЗПМ соработува со други здруженија и нивни сојузи, со невладини организации и фондации и со пензионерски асоцијации од други земји.

СЗПМ, својство на правно лице има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација, а по донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации во 1998 година е пререгистрирано во Основниот суд во Скопје.

СЗПМ делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива, оставајќи траги и во самиот развој на државата.
Сојузот издава свој весник „Пензионер плус“ еднаш месечно и има своја Веб страница www.szpm.org.mk

 
  copyright © SZPM | design by WWW