Инфо  

На 29. Републичките пензионерски спортски натпревари 2025 во организација на Сојузот, се славеше Независноста на државата и Денот на пензионерите на Македонија со спорт и дружење

12.9.2025 На 9. септември 2025 година во присуство на 600 гости и пензионери се прославија 34 години од независноста на државата и 79 години опстојување на пензионерското организирање, Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИOНЕРИ

7.9.2025 Како што е познато, до сите Здруженија на пензионери доставено е МИСЛЕЊЕ - ИЗВЕСТУВАЊЕ од Извршниот одбор на Сојузот на седница одржана на 8.8.2025 година, а во врска со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (Сл. Весник на РСМ број 154 /2025 г.) објавен на 29 јули 2025 година

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СКОПЈЕ-доби негативна оцена од пензионерите!

3.9.2025 На 1. и 2. септември 2025 година голем број пензионери чекаа во ред пред банките и експозитурите да ја подигнат својата пензија за август месец 2025 година. Како што е познато ова се луѓе со над 65 години кои своите финансиски потреби најчесто ги реализираат на шалтерите на банките, а не со траен налог, со платежна картичка или преку телефон или компјутер.

Мислење - Известување до здруженијата на пензионери

9.8.2025 Заради интересот на пензионерите во врска со усогласувањето на пензиите, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија на седница одржана на 8.8.2025 година, по претходно одржана седница на Правно-Економскит форум ги информира пензионерите

Известувања од извршниот одбор на СЗПМ

30.7.2025 Со одредбите на членот 13 од Законот за здруженија и фондации е утврдено дека здруженијата на пензионери не можат да вршат активности на политичка партија, односно не можат да обезбедуваат директно или индиректно финансирање на конкретна политичка партија, и да влијаат на изборите

Состанок со претседатели и претставници на скопските здруженија во врска со проектот "The Age-Friendly Balkan Countries Network“

5.7.2025 На 27 јуни 2025 година се одржа состанок со претседатели и претставници на скопските здруженија во врска со Поканата до Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија односно до скопските здруженија на пензионери да учествуваат во Меѓународен проект за условите на живот на пензионерите во градот Скопје
Меѓународен собир „Денови на меѓугенерациски соживот 2025“ во Љубљана

СЗПМ потпишана „Декларација за мѓугенерациска соработка“ заедно со Сојузите на пензионери на Словенија, Австрија, Италија, Унгарија и Хрватска

20.6.2025 На покана на претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Словенија, делегација од СЗПМ во состав Станка Трајкова Претседателка на СЗПМ и Даница Петличкова претседателка на најголемото здружение членка на Сојузот, здружението на пензионери од Битола, присуствуваа на четвртите „Денови на меѓугенерациски соживот“ во Љубљана
Страници на здруженија

Галерии

 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3